[LUG] (no subject)
savica at mt.net.mk
savica at mt.net.mk
Wed Sep 18 16:42:24 UTC 2002
Здраво на сите!
За тие што ме знаат, ОК, а за тие што не ме знаат да се претставам. Јас
сум
Александар Савиќ, попознат како Ацо. :-) Јас сум одговорен за проектот
Софтвер на македонски и лидер на PCInfo+ software тимот. Од неодамна сум
член на вашата маилинг листа и ја следам дискусијата околу статутот на
организацијата Слободен Софтвер Македонија. Па и јас (од правна гледна
точка), ќе изнесам некои свои коментари во врска со статусот и ќе
реплицирам
на некои ваши коментари.
Глава IV член 15.
Ова "кој што ќе биде поканет да се приклучи" ми звучи по малку
комунистички.
Може да се забележи дека статутот е прилично либерален, па зошто да не
биде
либерален и да им се дозволи на сите заинтересирани поединци да се
приклучат
во организацијата.
Глава IV член 16.
"пристапницата при исклучок или престанок на членување задолжително му
се
враќа". Овој став ми е некако смешен. Што ќе му е на исклучениот член
пристапницата кога веќе излегол од организацијата? Таа треба да стои во
архивата на организацијата.
Глава V член 31.
Мислам дека попрецизно треба да се регулира мандатот на претседателот и
членовите на УО, поточно нивниот реизбор (дали тоа е само еден реизбор,
по
кој нема право повеќе да се кандидира, или пак станува збор за два или
повеќе реизбори).
Глава VI член 44.
Овој член е излишен бидејќи претходно (во глава V член 34) во задачите
на УО
се сретнува истата формулација.
Исто така, треба да се смени и тоа со став 1, кој условно кажано не
постои.
Тој е вметнат, но не е обележан како таков. Но ова се ситници. Исто,
текстот
на статутот треба да се пречисти и да се лекторира. Има одредени
странски
зборови и ситни грешки.
И за најгорливиот проблем - називот комерцијален софтвер. Во моето
повеќемесечно искуство како лидер на проектот Софтвер на македонски имам
остварено контакти со 50-тина софтверски куќи. При комуникацијата со
нив, се
користи терминот комерцијален софтвер. Истиот назив се сретнува и на
нивните
веб страници и во оној дел "I agree" кои сите ние набрзина го кликаме :-
)
Мислам дека нема потреба да се менува, да се остави "as=is". Називите
"затворен" и "сопственички" може да имаат и асоцираат друго значење.
Доколку не се смени статутот (делот со поканувањето на членовите),
очекувам
да ме повикате како член на организацијата. А ако се смени, сам ќе си се
повикам. :-)
Поздрав,
Александар
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list