[LUG] (no subject)
Damjan Georgievski
gdamjan at on.net.mk
Wed Sep 18 17:13:55 UTC 2002
Год дамит што е со светов, еве ја пораката од Ацо овојпат читлива:
Pre.Scriptum: може ли да се направи организација со поедноставен статут?
> Здраво на сите!
>
> За тие што ме знаат, ОК, а за тие што не ме знаат да се претставам. Јас
> сум
> Александар Савиќ, попознат како Ацо. :-) Јас сум одговорен за проектот
> Софтвер на македонски и лидер на PCInfo+ software тимот. Од неодамна сум
> член на вашата маилинг листа и ја следам дискусијата околу статутот на
> организацијата Слободен Софтвер Македонија. Па и јас (од правна гледна
> точка), ќе изнесам некои свои коментари во врска со статусот и ќе
> реплицирам
> на некои ваши коментари.
>
> Глава IV член 15.
> Ова "кој што ќе биде поканет да се приклучи" ми звучи по малку
> комунистички.
> Може да се забележи дека статутот е прилично либерален, па зошто да не
> биде
> либерален и да им се дозволи на сите заинтересирани поединци да се
> приклучат
> во организацијата.
>
> Глава IV член 16.
> "пристапницата при исклучок или престанок на членување задолжително му
> се
> враќа". Овој став ми е некако смешен. Што ќе му е на исклучениот член
> пристапницата кога веќе излегол од организацијата? Таа треба да стои во
> архивата на организацијата.
>
> Глава V член 31.
> Мислам дека попрецизно треба да се регулира мандатот на претседателот и
> членовите на УО, поточно нивниот реизбор (дали тоа е само еден реизбор,
> по
> кој нема право повеќе да се кандидира, или пак станува збор за два или
> повеќе реизбори).
>
> Глава VI член 44.
> Овој член е излишен бидејќи претходно (во глава V член 34) во задачите
> на УО
> се сретнува истата формулација.
>
> Исто така, треба да се смени и тоа со став 1, кој условно кажано не
> постои.
> Тој е вметнат, но не е обележан како таков. Но ова се ситници. Исто,
> текстот
> на статутот треба да се пречисти и да се лекторира. Има одредени
> странски
> зборови и ситни грешки.
>
> И за најгорливиот проблем - називот комерцијален софтвер. Во моето
> повеќемесечно искуство како лидер на проектот Софтвер на македонски имам
> остварено контакти со 50-тина софтверски куќи. При комуникацијата со
> нив, се
> користи терминот комерцијален софтвер. Истиот назив се сретнува и на
> нивните
> веб страници и во оној дел "I agree" кои сите ние набрзина го кликаме :-
> )
> Мислам дека нема потреба да се менува, да се остави "as=is". Називите
> "затворен" и "сопственички" може да имаат и асоцираат друго значење.
>
> Доколку не се смени статутот (делот со поканувањето на членовите),
> очекувам
> да ме повикате како член на организацијата. А ако се смени, сам ќе си се
> повикам. :-)
>
> Поздрав,
> Александар
--
Дамјан
Во комунизмот човек експлоатира човека...
...во капитализмот е точно обратното.
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug
More information about the Ossm-members
mailing list