[LUG] За и околу финалната верзија на статутот

Александар Савиќ savica at mt.net.mk
Thu Sep 26 16:06:37 UTC 2002


Па, може да се рече дека статутот е во финална фаза на обработка. Но, 
има некои грешки кои треба да се поправат. Еве ги моите забелешки.

Глава II, член 7, став 2

/Во склад со тоа, Слободен Софтвер Македонија не застапува ниту еден од 
тие ставови како став на Слободен Софтвер Македонија, не смее да делува 
политички, ниту пак да остварува соработка со други здруженија и 
организации на религиозна, политичка, идеолошка или етничка основа. 
/Многу е јасно дека организацијата ќе биде невладина и непартиска, но... 
Не ми е јасно зошто е исклучен секаков вид на соработка со други 
здруженија и организации, ај да не повторувам по стопати. Ако може некој 
да ми го објасни овој став, бидејќи воопшто не е јасен и мислам дека е 
потребно да се преформулира. Не можеме (додуша можеме :-) ) однапред да 
"им објавуваме војна" на другите организации со кои може да се оствари 
некој вид на соработка и како нојот да ја бутнеме главата во земја, без 
да не интересира ништо за другите. Не знам, кажете свое мислење.

Глава IV, член 16
/
Секој граѓанин на Република Македонија или странски државјанин кој ќе 
биде поканет... /Оваа ставка е "заостаната" од претходната работна 
верзија на статутот, кога во член 15 стоеше дека членовите можат да 
стапат во организацијата по претходна покана. Затоа, сметам дека, 
бидејќи членот 15 е променет и гласи /Член на Слободен Софтвер 
Македонија може да биде секој граѓанин државјанин на Република 
Македонија, кој што има желба.../ Мора да се смени членот 16, бидејќи е 
во директна противречност со член 15.

Глава VII, член 50

Дефинитивно најинтересниот член од статутот. Бидејќи не е довршен (а не 
е ни почнат :-) ), остава доста простор за дискусија. Шега на страна, 
што ќе се случи доколку организацијата престане со работа. Како ќе се 
регулира постапката по престанокот? Што ќе се случи со финансиските 
средства на организацијата, недовршените проекти, членството, 
раководството... Многу ШТО-->АКО. Кажувајте предлози.

Поздрав,
Ацо


_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list