Dobivawe na CD za openoffice na Makedosnki jazik

Blagoja Gjakovski agitator at bagra.net.mk
Fri Apr 25 23:27:10 UTC 2003


>Како и да е, за проблемов мислам дека ако некој има есап да ги реже по 50,
>нека ги реже. Тие што мислат дека е малку пари нека не прават ништо, ако има
>мањак тогаш се убацува тој за 100 :)
>Најголема грешка е Сојузот на синдикати да продава нешто по различни цени :)

Веројатно на Гоце предлогот е најдобар. Ристе и......(кој беше другиот
што се побуни дека ООо треба да се продава по 100 денари)........треба
да сватат дека информатичката свест во Македонија сеуште не е на
задоволително ниво.

Поентата ми е следна....ако на некој обичен човек (на пример некоја
теткица што работи како дактилографка) и понудиш ЦД со ООо за 100
денари ќе ти рече дека подобро и е за 80 денари да си купи од
авто-пазар пиратско ЦД со MS Office. Нејзе тоа и е поевтино....ќе ти
се изнасмее у фаца дека ја лажеш.....и продаваш "бесплатен софтвер" за
повисока цена од комерцијалниот софтвер.

Сакам да кажам дека сеуште е рано....луѓето, мислам масата луќе,
сеуште не ја сваќаат поентата дека цената на комерцијалниот софтвер
(на пример MS Office) е многу повисока отколку што тие сметаат дека е.

Затоа треба (како психолошки ефект) со продавање (или давање) на ООо
за најниска можна цена (претпоставувам тоа е околу 40-50 денари) да
докажеме (да им се спротивставиме на пиратите) на луѓето дека ООо
односно слободниот софтвер е навистина и бесплатен.


Баже
--
agitator at bagra.net.mk
_______________________________________________
LUG mailing list
LUG at lists.linux.net.mk
http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug



More information about the Ossm-members mailing list