[Ossm-members] man i minus

Дамјан Георгиевски penguinista at mail.net.mk
Thu Oct 30 18:02:17 UTC 2003


> Проблемот е што man при форматирање на страните, карактерот "-"
> (обична црта, минус) ми го голта т.е. не го прикажува. Пример:
> "--all-locales" станува "alllocales".
>
> Mandrake 9.1
> KEYTABLE=mk-utf8
> LANG=mk_MK.UTF-8
> LANGUAGE=mk_MK.UTF-8:mk_MK
> SYSFONT=UniCyr_8x16

Не го голта, туку го прикажува со еден чуден, да не речам контроверзен, 
карактер "soft-hyphen", кој кај тебе не се прикажува. 

Кај мене на пример се прикажува, ама кога правам copy/paste од ман се 
заебувам пошто командите очекуваат минус а не soft-hyphen.

Решение: 
најди го man.conf фајлот (кај мене е во /usr/lib/man.conf, а може да е 
во /etc негде), и во него смени:
нешто вакво
	NROFF       /usr/bin/nroff -S -mandoc
во
	NROFF       /usr/bin/nroff -S -Tascii -mandoc

ова кај мене помогна, а кај тебе?

> BTW, која е разликата меѓу LANGUAGE и LANG во  i18n?

LANGUAGE кажува кој превод да го користи програмата. на пр.
LANGUAGE=mk:hr:yu:se:en, ќе ти го направи UI-то на некој програм во 
македонски ако има, ако не хрватски, ако не српски, ако не шведски, ако 
не англиски ...

LANG кажува што е default локализација, т.е. стандарди за сортирање, во 
кој сharset работиш, формат на времето и сл.. LANG не кажува во кој 
јазик треба да ти биде UI-то (иако во отсуство на LANGUAGE, некои 
програми и од LANG ќе пробаат да извадат кој јазик ти е)

Во принцип LANGUAGE треба да биде =mk

-- 
Дамјан                                  (jabberID:damjan at bagra.net.mk)

           Intel: where Quality is job number 0.9998782345!




More information about the Ossm-members mailing list