[Ossm-members] Mozebi interesno za nas...

Nikola Vanevski nvanevski at gmail.com
Wed Dec 8 15:56:01 UTC 2004


> Скопје, 8 декември (МИА) - "Македонски телекомуникации" со цел развој на
> информатичкото општество ја формира Фондацијата "е-Македонија" чиј фонд е
> 100.000 евра.
> Основни цели на Фондацијата се поттикнување на примената на информатичката
> технологија како движечка сила на економскиот развој, забрзување на развојот
> на е-бизнисот, развој на е-трговијата, како и надминување на т.н. "дигитален
> јаз" во нашата земја, а заради обезбедување подобар квалитет во животот и
> работата на граѓаните.
> "Македонски телекомуникации" преку Фондацијата "е-Македонија" ќе финансира
> поголем број програми, како што се воведување информатичка технологија во
> сите важни сегменти на општеството, особено во образовниот систем преку
> компјутерски работилници, образовни центри, семинари и интернет во училишта,
> потоа во здравствените институции, правните институции и е-трговијата преку
> подигање на свесноста за Интернет, информатичката технологија.
> Фондацијата "е-Македонија" се реализира со цел поголема примена на
> информацијата и ширењето на информатичките технологии што ќе придонесат за
> зајакнување на демократијата преку зголемување на транспаретноста во
> работата. Таа е отворена за соработка и иницира и поддржува нови влогови.
> Фондацијата се надева дека многу граѓански организации или здруженија и
> институции, како и поединци, ќе се приклучат во нејзиното дејствување.
> "е-Македонија" е основана во чест на починатиот претседател Борис
> Трајковски. скс/дма/10:32/миа/МТнет/
> 

Се е ова супер вака на хартија, ама мене ми личи на перење на пари.
Као, ете јас ќе направам тродневно предавање за 10 деца за интернет, а
фондацијата ќе ми плати 5000 евра. Особено кога Телеком е во прашање.

Инаку, не е лоша идеја да се стави акцент на слободен/бесплатен
софтвер, кога веќе фондот е толку органичен. Има некои информации за
контакти?


More information about the Ossm-members mailing list