[Ossm-members] Re: прва македонска Linux дистрибуција
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Sat Dec 11 17:50:11 UTC 2004
Aleksandar Balalovski wrote:
>On Friday 10 December 2004 15:16, Дамјан wrote:
>
>
>>не, не е Малина, не е Fedora и не е debian.
>>
>>туку е Slax-4.2.0, xexe.
>>http://softver.org.mk/damjan-files/slax-4.2.0-mk.iso
>>
>>
>
>ЗАКОН !!
>
Е што закон???
Ја симнав, ставам cd-то глеам „Slax“ на латиница, се подигнува,
инструкции на англиски. Нема графички менаџер за најава. Некако слабо е
снабдена со преводи од КДЕ. Десктопот е со „Home“ и „Trash“ икони.
Главното мени е на англиски и бла бла бла. Првата верзија на малина,
алфа што ја викавме беше по македонска дистрибуција од ова бе, имаше
дури и инсталер за да си ја инсталирам на хдд и тој беше на македонски.
Истата малина имаше и сплеш екрани пред подигнување и при подигнување на
КДЕ кои што ги напраи стојмир. Имаше и многу други ситници кои што
придонесуваа да изгледа многу по оригинално и барем 90% беше на
македонски. На слексов му фали уште многу работа. Федора кор 3 по
„default“ е многу по македонска дистрибуција од оваа.
Да не ме сватите погрешно. Браво за трудот ама треба уште многу. :)
More information about the Ossm-members
mailing list