[Ossm-members] alsa i sbawe64
Новица Наков
novica at bagra.org
Thu Feb 19 23:14:27 UTC 2004
Работава со звучниве карти никако да ја разберам добро.
Си викам ајде да пробам како оди alsa-та, пошто ми здосади од oss-то. :)
Компјутерот ми вика дека звучната карта ми е: Creative SB AWE 64 PnP.
Ако добро ги разбрав упатствата модулот што ми треба е snd-sbawe. Тој се
вчитува без бунење.
Во /etc/modules.conf имам:
# ALSA portion
alias char-major-116 snd
alias snd-card-0 snd-card-awe64
# OSS/Free portion
alias char-major-14 soundcore
alias sound-slot-0 snd-card-0
alias sound-service-0-0 snd-mixer-oss
alias sound-service-0-1 snd-seq-oss
alias sound-service-0-3 snd-pcm-oss
alias sound-service-0-8 snd-seq-oss
alias sound-service-0-12 snd-pcm-oss
(Валјда точно сум ги препишал овие од упатствата :))
Го кревам master-от во alsamixer. Во конзола mpg123 и ogg123 и play се
стартуваат, работат, не јавуваат грешки, но немам звук.
Кога ќе стартувам X и KDE ја добивам следнава порака:
Sound server fatal error:
cpu overload, aborting
Пробав и со snd-sb16. Тој се побуни нешто како 'no such device'.
Па си викам пред да почнам да ги пробувам сите преостанати sb драјвери, да
прашам да не пропуштам нешто.
--
Новица
Who so would be a man must be a nonconformist.
More information about the Ossm-members
mailing list