[Ossm-members] Re: Сајт на денот во денешно " Време" - Македонски Линукс

Ivan Stojmirov stojmir at linux.net.mk
Thu Jul 1 08:20:52 UTC 2004


zlochko at on.net.mk wrote:
> Иако... верувајте... критика секогаш мора да има, па и
> колку да е на моменти неоснована (за што во случајов не сум
> сигурен), бидејќи таа солидно знае да ги размрда работите и
> да ги спречи луѓето да заспијат. :)
> 
> Еј... мојава порака... впрочем исто како и онаа на FilipS
> (ако навистина е негов текстот) е со најдобри намери.

Види Злочко,

сите што секој ден овде пишуваме по некоја порака, го правиме тоа со 
најдобри намери.
Никој од екипата овде (која на почеток броеше 5 члена) нема добиено 
посебна покана за соработка, а сепак повеќето се трудат најдобро што 
можат за да оваа група биде тоа што е.
Ако на некого му се допаѓа ова што го правиме и начинот на кој го 
правиме, слободно може да дојде и да се приклучи (ти самиот си сведок за 
тоа). Не огнаничуваме никого, не настапуваме со никакви предрасуди.

Филип неколку пати има нафрлено неколку сугестии на мејл кои секогаш 
биле разгледувани од наша страна.
Тоа што ние од различни причини не сме можеле да ги прифатиме или 
реализираме е друга работа која ми се чини дека тој ја сфаќа лично.

Од друга страна, неколку од неговите намери мене лично и не ми изгледаат 
баш најдобри.
Најдобар пример кој ми текнува во моментов е појавувањето на еден текст 
на Агора (сличен на овој во Време, според мене од истиот автор, не 
Филип) на кој ние културно пративме контра реакција, која пак за жал, со 
најдобри намери, никогаш не беше објавена на неговиот објективен, 
отворен и секако лекториран веб магазин.
Затоа, јас лично нема веќе да се замарам со неговите (какви и да се) 
коментари.

http://www.softver.org.mk/novica/01088170278



Што се однесува до критиката, да кажеме дека и до некаде е основана, но 
мене воопшто не ми личи на добронамерна.
Да напишеш рецензија за (некомерцијален, неофицијален, ентузијастички 
основан) сајт во кој ќе ги опишеш сите негови недостатоци, а ниту една 
позитивна особина е крајно недобронамерно. Особено ако тоа го направиш 
јавно, во дневен весник со повеќе илјади читатели,  без предходно да се 
обидеш приватно да ги контактираш (http://www.linux.net.mk/contact.php) 
сопствениците на сајтот и да им ги упатиш своите критики/забелешки/сугестии.
На крајот на краиштата, која е поентата на своите читатели да им 
презентираш "ЛОШ" веб сајт? Или поентата е само да се просере нешто, да 
се покаже колку авторот е стручен во некоја своја област, а во исто 
време е ТАПА во областа за која пишува (што е многу честа пракса кај 
повеќето новинари во сите наши дневни весници, особено кога се зборува 
за информатика).

Да сумирам: текстот во Време е дефинитивно недобронамерен, не само 
спрема нас туку и спрема читателите. Искрен и чесен обид да се помогне 
на заедницата во никој случај не треба така лошо да се претстави пред 
понеупатените (читателите), кои се и потенцијални членови на истата таа 
заедница.






-- 
Sometimes I wonder if I'm in my right mind.  Then it passes off and I'm 
as intelligent as ever.



More information about the Ossm-members mailing list