[Ossm-members] Re: Re: Re: SFD во Македонија
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Thu Jul 8 20:01:55 UTC 2004
On чет, 2004-07-08 at 21:16, Georgi Stanojevski wrote:
> XML-от не го чепкав јас.
> Инаку да, колку што разгледав во право си за грешките што си ми ги поправил.
Имаше неколку грешки во <p></p> таговите. Веројатно си заборавил да ги
додадеш или по грешка си избришал нешто. Ништо страшно. Грешката ми се
појави кога го отворив во „интернет прелистувач“, инаку не би знал.
> Освен за Интернет прегледувач -> Интернет разгледувач. Зашто сум убеден
> дека browser го преведувавме како прегледувач?
Во право си за „интернет прелистувач“. Тоа е правилниот превод. Јас
видов на неколку места „прегеледај“ или „прегледувач“ па со
search/replace сменав во „разгледај/разгледувач“. Најверојатно некаде си
напишал „интернет прегледувач“, па се заменило и тоа. Ноу биг дил, за
тоа сме тука.
> Не се брза ништо. Кога имаш време поправи. Ако даваш нови забелешки прави ги
> повторно на мојата оригинална копија.
Ок, ќе го поправам и ќе пратам конечен пач. До тогаш, нека важи оваа
верзија што си ја пратил, за да може после и промените да се разгледаат.
> Во сабота ќе им пратам финална верзија.
Не се брзај...
More information about the Ossm-members
mailing list