[Ossm-members] Се бараат помошници (Fedora + GNOME)
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Wed Jul 21 10:21:36 UTC 2004
Почитувани членови,
Знам дека периодов е малку лош за барање помош, но што се мора - се
мора. Се работи за превод на Fedora програмите, засега преводот е 30%
готов, се работи за уште 4000 стрингови. Моментално сме тројца без
двајца во групата (јас, уфо и баже), но поради терминот за смрзнување на
стринговите, мора да се делува побрзо затоа што следи и преводот на гном
после тоа, кој повторно е врзан со некој датум во септември.
Ова ми беше муабетот:
Кој е слободен, има можност и воља (хмм... „воља“ - да се лекторира) да
се вклучи во работава, нека го стори тоа уште веднаш.
Нема многу за превод, но тројца не можат да работат на тоа, а со повеќе
волонтери работава ќе се заврши за 2-3 недели.
Статус на Федора превод:
http://elvis.redhat.com/cgi-bin/i18n-status?page=status&locale=mk&branch=HEAD&essential=0
(пакетот dist засега не го преведуваме, значи бројот на непреведени
стрингови е за 2700 помалку од тоа што го пишува)
Статус на GNOME-2.8 desktop:
http://l10n-status.gnome.org/gnome-2.8/mk/desktop/index.html
(ова понатаму, федора е прва на список)
Планот е на крај да се добие целосно преведена дистрибуција на
македонски (Малина на страна, ова нема врска со тоа).
Контакт:
тука (на листава),
мене,
уфо (ufo at linux.net.mk)
Поздрав и однапред ви благодарам
(одназад кај уфо, кој сака ;-))
П.С. Гага пиво и интернет за секој преведувач (озбилно [без смајли])
More information about the Ossm-members
mailing list