[Ossm-members] До сите програмери на листава!!!

Riste Pejov richie at macedonia.homelinux.org
Tue Jun 8 10:15:12 UTC 2004


Новица Наков wrote:

>Абе, па ова е причина плус да се прилагоди некој странски програм. :)
>Од ММФ, СветскаБанка, ЕУ и сл. за година две ќе ни кажат дека не може да не 
>примат/да ни дадат пари и сл. пошто имаме различно сметководство. Ние ќе го 
>прилагодиме нашето на нивното и оп -- странските програми ќе можат да се 
>користат. :)
>
Јас не мислам така, ама ај некој нека ме убеди во спротивното:). Иначе 
двојното книжење е уште едно ниво на контрола, така што нема никогаш да 
се деси ЕУ, да рече дека не им се свиѓа некоја од земјите да има 
поголемо ниво на контрола одколку другите. Можеби да имаше цела ЕУ 
двојно а ние единечно книжење, па да ни бараа да менуваме зошто немаш 
доволно контрола. Ама нема поента да се менува пошто нашето е за некој 
степен поквалитетно(од теоретски аспект).  Башка, поголема компликација 
е прилагодуваш постоечка програма на нашето одколку да развиеш нова по 
наши стандарди, затоа што целиот тек на податоци се разликува. А доколку 
во иднина се смени нашето по европски стандарди (што не верувам дека ќе 
се случи пошто така има повеќе простор за финансиски криминал со кој што 
МК и овака не може да се справи), само ќе треба елиминираме некои модули 
и да извршиме помали промени на другите.

Р.



More information about the Ossm-members mailing list