[Ossm-members] Krivicen Zakon-update

Vasko Mitanov vaskom at mail.com.mk
Tue Jun 8 20:20:36 UTC 2004


|http://www.pcinfo.com.mk/modules.php?name=News&file=article&sid=364
|
|Инаку ова е последната верзија на овој закон. Претходно обидте не беа 
|казниви сега и тие се! Затвор до 10 години!

Се гледа дека законот го правеле некои квази компјутерски образувани
луѓе(правници).
Поради еден куп недоречености овие неколку членови во голем
ризик ги ставаат сите корисници на компјутери во Македонија.
На пример, во 

- член 251а нема дефиниција што е вирус, има големи
нијанси и варијанти на програмчиња кои вршат шпионирање, оштетување
на податоци и прават милион други промени во компјутерот кои
некои е многу тешко да се дефинираат дали се штетни или не се.
Дали cookie (колаче) што праќа сајтот на пцинфо кога се логирам
а ја незнам дека се снима на мојот хард диск е неовластено снимање
на вирус(бидејќи во законот не кажува што е вирус за мене колачето
е вирус бидејќи неовластено зафаќа место на -мојот- хард диск) т.е.
ми прави штета.

- Точката 6 од ч.251 нејќам ни да ја коментирам поради глупостите
што се изнесени во таа точка. Според точка 6, комотно може да ми
дојде полиција дома и да ме стаи 10 години во затвор бидејќи јас
дефакто можам во Word да отворам бинарен фајл(.еxe) и да го изменам
што е во принцип неовластена модификација и ќе одговарам по точка 1.
Тука јас како програм исто сум засегнат бидејќи од кај да знам зашто
некој мој програм (објавен дури и под гпл лиценца) да му текне
на некоја будала за што се може да го користи. Според ова јас можам
да ги тужам Мајкрософт бидејќи изработиле програм command.com 
со кој можам да повикувам .bat фајлови кои ќе содржат del *.* а
со тоа го command.com го прави доста погоден за правење криминални
дела, т.е. самиот оперативен систем ми е добра платформа за правење
криминални дела. 

- Според точка 1, секаде се спомнува "неовластено" а како се овластува?
На пример на багра сајтот никаде јавно не е објавено дека ги овласуваме
нашите посетители дека смеат да ја читаат содржината т.е. тие неовластено
навлегуваат и ги користат нашите содржини. Дали тоа значи дека
јас праќајки го овој маил неовластено (официјално немам никаде овластување
заверено од нотар или друг дека смеам да го користам серверот
hedona.on.net.mk) можам да попијам казна и до 3 години!?






More information about the Ossm-members mailing list