[Ossm-members] MK Recnikot e onlajn
Ivan Stojmirov
stojmir at linux.net.mk
Tue Jun 22 06:59:37 UTC 2004
Riste Pejov wrote:
> А дали сме спремни да му шибнеме на речникот 60 К хард кор зборчиња? Ако
> сме, тогаш кажете во кој формат највеќе одговара ?
Значи, Ристе има на на лагер 60 000 зборови. Ако ги брцнеме во новиот
речник ќе добиеме еден од најобемните дигитални речници што постојат во
Македонија.
Ова е шанса да се промовираме на големо, а секако и да им дадеме на
луѓето културен речник што ќе им биде достапен секаде и во секое време.
Планот е следниот:
А)
1) Зоки, Васко, Ристе, Бидиков и останатите што видов дека се
интересираат околу проектчево да се нафатат посериозно и да го направат
речникот да клоца газови (да се оптимизира базата, да се среди тоа со
акаунтите (администратори, power user-и што можат само да даваат
сугестии за одреден збор, поени, број на додадени зборови по човек и
сл.), да се дотера дизајнот...).
2) Паралелно со тоа, пожелно е да се направи и софтвер за Windows и
Linux кој би ја содржел базата (можеби и со automatic uptade би ја
ажурирал), за да може да се користи речникот и offline. Евентуално,
заради заштеда на енергија, може директно да се разгледа опцијата 3 од
план B.
3) Го презентираме проектот на факултети, институти, школи за странски
јазици и сл. и бараме луѓе кои би го дополнувале, корегирале и сл.
4) После неколку месеци го имаме убедливо најголемиот речник кој е
подржан од сите релевантни институции од таа област.
Б)
1) Во случај да нема доволно заинтересирани за планот А, да земеме готов
web речник од http://www.glossword.info, да го преведеме/дотераме и да
бркаме работа.
2) Да земеме софтвер кој работи и под Windows и под Linux od
http://stardict.sourceforge.net/ (веќе е преведен) и да бркаме работа.
3) Исто како од план А
4) Исто како од план А
Што мислите?
--
24 hours in a day...24 beers in a case...coincidence?
More information about the Ossm-members
mailing list