[Ossm-members] MK Recnikot e onlajn
Зоран Димовски
decata at mt.net.mk
Tue Jun 22 14:55:02 UTC 2004
Ivan Stojmirov wrote:
> Riste Pejov wrote:
>
>> А дали сме спремни да му шибнеме на речникот 60 К хард кор зборчиња?
>> Ако сме, тогаш кажете во кој формат највеќе одговара ?
>
>
> Значи, Ристе има на на лагер 60 000 зборови. Ако ги брцнеме во новиот
> речник ќе добиеме еден од најобемните дигитални речници што постојат
> во Македонија.
>
> Ова е шанса да се промовираме на големо, а секако и да им дадеме на
> луѓето културен речник што ќе им биде достапен секаде и во секое време.
>
> Планот е следниот:
> А)
> 1) Зоки, Васко, Ристе, Бидиков и останатите што видов дека се
> интересираат околу проектчево да се нафатат посериозно и да го
> направат речникот да клоца газови (да се оптимизира базата, да се
> среди тоа со акаунтите (администратори, power user-и што можат само да
> даваат сугестии за одреден збор, поени, број на додадени зборови по
> човек и сл.), да се дотера дизајнот...).
> 2) Паралелно со тоа, пожелно е да се направи и софтвер за Windows и
> Linux кој би ја содржел базата (можеби и со automatic uptade би ја
> ажурирал), за да може да се користи речникот и offline. Евентуално,
> заради заштеда на енергија, може директно да се разгледа опцијата 3 од
> план B.
> 3) Го презентираме проектот на факултети, институти, школи за странски
> јазици и сл. и бараме луѓе кои би го дополнувале, корегирале и сл.
> 4) После неколку месеци го имаме убедливо најголемиот речник кој е
> подржан од сите релевантни институции од таа област.
>
> Б)
> 1) Во случај да нема доволно заинтересирани за планот А, да земеме
> готов web речник од http://www.glossword.info, да го
> преведеме/дотераме и да бркаме работа.
> 2) Да земеме софтвер кој работи и под Windows и под Linux od
> http://stardict.sourceforge.net/ (веќе е преведен) и да бркаме работа.
> 3) Исто како од план А
> 4) Исто како од план А
>
>
> Што мислите?
Па да не рачем ама супер ти е идејата. Е сега конкретно за
администрација ке ја средеме работата со Томислав. Сега што се однесува
до софтвер за Win и Linux јас тешко зошто јас сум повеќе за веб а кој
може да направе слободно јас сум за.
И сум за презентации на горе наведеното и тие други наведени работи. И
речникот сега после сесијата јас лично и тие што ке помагаат во проектот
можеме за 1 месец да го дотераме да биде најдобар онлајн мак речник на
нашите простори.
Поздрав. Зоки
More information about the Ossm-members
mailing list