[Ossm-members] ОССМ во Кочани

Томислав Марковски tome at users.ossm.org.mk
Mon Jun 28 06:28:18 UTC 2004


On пон, 2004-06-28 at 03:06, Zlatko Trajceski wrote:
> On Sun, 27 Jun 2004 20:20:34 -0400, you wrote:
> 
> >
> >Сите што не дојдовте се заебавте. Голема кригла скопско беше 50 денари. :)

Голем пропуст, стварно, за тие што не дојдоа. Никој не очекуваше таков
провод. Не само на презентацијата, туку низ целиот престој линукс се
дискутираше цела вечер. Интересно како така мал град има толкава
заинтересираност за слободен софтвер.
Mandrake-аши се сите, мора да се спомне.

> Секоја чест на организаторите, се беше како што треба и морам да
> потенцирам дека супер се грижеа за нас гостите. Сармата од лозов лист
> беше неповторлива - каков бурек во Штип :-)

Ух, сармата беше најсветлиот момент вчера откако станавме.
Ама и мајонезот не беше лош :)

> ...и се сложувам со констатацијата на Александар дека кочанчани се
> најгостопримливи ;-) - имате многу убав град.

И паркот им е одличен, посебно навечер :)


Немам што повеќе да кажам, Златко изнесе горе-долу се.

Уште еднаш голем поздрав и големо фала до Кочани, за нивната
гостопримливост, за одличното дружење, за целата организација и
заинтересираност, за добрата храна, ефтиното пиво, за жените-сателити
(мора да се спомне хостесата на Мајкрософт :)), за свежата кочанска
клима... Позитивна атмосфера низ целиот престој, браво!

Треба да се изгласа Кочани за главен град :)

Поздрав

--
Томислав


More information about the Ossm-members mailing list