[Ossm-members] Re: Window Maker на македонски
Ilija Koco
ilijak at siva.com.mk
Thu Mar 4 21:00:23 UTC 2004
Томислав Марковски wrote:
> Арангел Ангов wrote:
>
>> Сеа ќе објавам на linux.net.mк.
>
>
> Пратив вчера сторија, благодарам.
>
>> Друга работа, што видов само од сликата:
>> Едитори = Уредувачи
>
>
> Не е само тоа, имав многу проблеми со други термини, со оглед на тоа
> дека ми е прв посериозен превод, и не е така страшно. Имено:
>
Малку помош (не лутете се ако не се соодветни)
> Capture (во смисла Capture Key Sequence)
“Сними“ или „сликај“ редослед на типки (и мене не ми штима)
> Dock (специфично за Window Maker, она место каде се собираат иконите од
> десно)
Ова е навистина тешко. Што ќе правиш немаме морнарица. Инаку докирање би
било прилепување до брегот (док) на брод во пристаниште (или
врзување)... дали може „прилепи“ или „до ѕид“?
> Dithering (на слики)
За ова би требало да се праша некој графичар - растеризација?
> Miniaturize (сомнително ми е „минијатуризирај“)
Дали одговара Смали?
> Raise/Lower (на прозорците, во смисла Raise to front, ili Lower to back)
Овде не мора буквално да преведуваш бидејќи имаме подобро решение од
англискиот: Нанапред/Наназад.
>> И уште нешто да те прашам. СЕТ те подржаа за оваа работа со домејнот и
>> хостинг, или? Ме интересира дали СЕТ (на некој начин) би поодржале
>> локализација на слободен софтвер на македонски?
>
>
> Не, ова е лично моја иницијатива. Хостинг и домен се најмалку што можам
> да сторам за придонес, но сепак, и тоа со моја интервенција.
>
More information about the Ossm-members
mailing list