[Ossm-members] Bitola, Linux user group of, - LUGOLA

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Tue Mar 16 23:48:52 UTC 2004


На 15.03.2004 година, Понеделник, беше одржан првиот состанок на групата 
за корисници на Linux базирани оперативни системи, - LUGOLA (Linux User 
Group of Bitola). Моментално броиме 11 членови, координатор на работите 
речиси и да нема заради тоа што се одлучуваме заедно, но со оглед на тоа 
што идејата е моја и организација на состаноци, настани и слично, се 
водам како координатор. Оваа група е формирана со цел да им олесниме и 
на корисниците што почнуваат да работат на Linux и на поискусните 
корисници, на начин што нема да има потреба од поединечно објаснување и 
пружење помош за почетниците, ами сите ќе бидат упатени (тоа ни е идеја) 
кон оваа група каде во првичен период ќе бидат разгледувани, дискутирани 
и разрешавани проблеми од областа на овој оперативен систем, со кои 
нашите членови се сретнале работејќи. Ја бараме поддршката од заедницата 
за подобра комунукација со останатите организации, групи или здруженија 
од овој тип, особено од најголемата, „Организација Слободен Софтвер 
Македонија“..
    Во тек е формирање на web страна за групата, како и други работи кои 
ни се потребни за подобро функционирање. Добредојдени се сите 
заинтересирани кои покажуваат интерес кон приближувањето до начинот на 
работа на GNU/Linux оперативниот систем. Направен е записник од првиот 
состанок, кој можеби и нема да ве интересира затоа и не го пратив тука, 
а исто така и презентација во OO Impress, која исто ја нема како 
атачмент, ами за скоро ќе ја има на страната, која се планира да биде 
готова до (за време на) викендот...

Со надеж дека сето ова ќе профункционира, и понатаму ќе ве известувам за 
сличните збиднувања во Битола и регионот кои опфаќаат теми од слободниот 
софтвер.

Поздрав
Александар Балаловски,




More information about the Ossm-members mailing list