[Ossm-members] slackware-current fixes
Aleksandar Balalovski
gssteam at on.net.mk
Thu May 20 13:28:24 UTC 2004
Здраво
Со оглед на тоа што откако инсталирав Slackware-current потребни беа
некои поправка, надоградби и сл. за да функционира системот како што
треба, ќе дадам кус извештај на тоа што е потребно да се поправи од
тековниот -current за новите корисници (ако има такви од ИФ што им се
инсталира Slackware-current).
Најпрво, проблем ми правеше KDM. Откако ќе напишев user/pass во полињата
што ги дава KDM за логирање, и кликав Ok, ме враќаше повторно на истото
место, да пишам јузер/пас, и така во циклус...рчнав малку по нетот и
најдов дека kdebase е нешто заебано, така што наместо kdebase-3.2.2-1,
треба да се користи kdebase-3.2.2-2, тежи 24 МБ и може да се симне, од:
http://www.slackware.com/pb/?vers=slackware-current&set=kde&package=kdebase-3.2.2-i486-2
Логирајте се како root и пишете upgradepkg kdebase-3.2.2-i486-2.tgz па
рестартирајте го KDM...
Следен проблем беше инсталацијата на k3b преку tgz пакетот од
http://linuxpackages.net. Откако го инсталирав не можев да правам Audio
ЦД-а од мп3...решение најдов овде:
http://www.linuxpackages.net/view_comment.php?id=1712&cid=1048. Мене ми
помогна и сега се е ок...
Понатаму, кога во KDE, KControl Center, во Peripherals, изберев Mouse се
појавуваше порака за грешка од типот, библиотеката не е најдена, libkcm_
нешто и неможеше да се конфигурираат некои работи за глувчето како што
се десен-лев клик, едно-две кликања за отворање итн. Тоа е проблем на
XFree верзијата што доаѓа со slack-current, xfree86-4.4.0-i486-2.tgz.
Потребно е да се симне и инсталира xfree86-4.4.0-i486-3.tgz. Се
приметува разликата? Линкот за симнување е:
http://ftp.scarlet.be/pub/slackware/slackware-current/slackware/x/xfree86-4.4.0-i486-3.tgz
Откако ќе го симните исто како и за kdebase. upgradepkg
xfree86-4.4.0-i486-3.tgz и се е ок. Рестартирајте Х.
Ова се глобално проблемите и решенијата со кои се соочив (уф) при
работата со slack-current. Ако има нешто ново ќе пишам пак
Александар
More information about the Ossm-members
mailing list