[Ossm-members] Lugola calling!

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Tue May 25 18:42:07 UTC 2004


Со оглед на тоа што подолго време немам начнато прашање во врска со 
Lugola, би сакал да ве информирам и запрашам за некои активности што 
групата последно време ѓи има.

Најпрво, радосните вести...
Денеска ми се јавија од ТВ Тера, битолска телевизија каде пред 1 недела 
испратив соопштение до јавноста преку кое граѓаните ги повикував на 
користење на Linux базиран оперативен систем. Поттикнати од тоа, 
водителката на емисијата Паралели, и еден од уредниците во Тера, Стево 
Башуровски, побараа соработка со групата, со цел да се сними прилог за 
Lugola и целосна 50 минутна емисија за штетноста на договорот на Владата 
со МЅ. Така овој четврток ќе има во вестите мал прилог, на кој ќе кажам 
свое мислење и информации за Lugola, додека наредниот Четврток не знам 
точно кога (околу 20.00ч.) ќе оди емисијата Паралели. Такашто работата 
на промовирањето на групата вродува со плод...

Истовремено (како некој да не блосој), стигна писмо од Интернет Кафе 
МРЕЖА од Битола, кое бараше информации за мигрирање кон Linux базиран 
ОС, и понуда на услуги што групата ѓи нуди. Се разбира тие беа испратени.

Како сосема спротивна работа е прашањето, дали некој има искуство од 
соработка со МЕТАМОРФОЗИС? Дали се спремни за соработка со група или 
организација од типот на ССМ и Lugola?

За тие што беа на состанок, потсетете се на ЗЕБРА од Прилеп...ова е 
најнов предлог од него.

Созравје

Александар










More information about the Ossm-members mailing list