[Ossm-members] Пиратскиот „Виндоус“ и натаму царува во Македонија

novica at bagra.org novica at bagra.org
Mon Nov 8 09:22:35 UTC 2004


„Мајкрософт“ со потпишување на стратегискиот договор со
Владата се обврза да ја издаде програмата „Виндоус“ на
македонски јазик, меѓутоа македонското издание на оваа
оперативна програма се уште доцни.

- Работната верзија на програмата ја добив во јули оваа
година, но тимот што работи на преводот требаше да ја
доработи. Таа верзија беше поделена по фирми и лица за да
се увидат недостатоците од јазичен и функционален аспект.
Коментарите за таа верзија на програмата требаше да бидат
достапни на официјалниот веб-сајт на „Мајкрософт“, меѓутоа
не сум проверил и не знам кога оваа програма ќе може да ја
користат граѓаните - вели Јани Макрадули, пратеник во
Собранието на Република Македонија.

http://vreme.com.mk/novost.action?id=14508&broj=234

-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list