[Ossm-members] Пиратскиот „Виндоус“ и натаму царува во Македонија

Томислав Марковски tome at users.ossm.org.mk
Mon Nov 8 14:37:57 UTC 2004


On Mon, 08 Nov 2004 10:22:35 +0100, <novica at bagra.org> wrote:

„- Моја задача е да извршам прецизна коректура на работната верзија на  
програмата. Станува збор за многу обемен материјал што бара трпение,  
бидејќи македонскиот јазик не познава повеќе термини што се користат во  
компјутерскиот јазик. Треба да се внимава со преводот и со коректурата,  
бидејќи крајниот производ не смее да има грешки. Досега испитав една  
четвртина од програмата и корекции беа потребни, едноставно треба да  
помине време програмскиот јазик да се преточи во македонскиот јазик - вели  
Анчевски.“

Сега ми е јасно зошто преводот на виндоус се уште го нема: го дале на  
корекции кај поет. Не дека тука има нешто лошо, напротив, никој подобро не  
го познава јазикот од поетот, барем се оправдува чекањето. Типов вели дека  
материјалот е обемен, згора на тоа и непознат, јас викам дека превод на  
видноус нема да има до јуни 2005. Дај боже да грешам.




More information about the Ossm-members mailing list