[Ossm-members] nacionalna IT strategija

Kristijan Spirov kristijan.spirov at stb.com.mk
Thu Nov 18 14:41:03 UTC 2004


-----Original Message-----
Томислав Марковски
...
Друга работа која што е повеќе важна, е недостатокот од поддршка за линукс софтвер. Нема фирма во Македонија која би настапила со такви услуги и која ќе стои и гарантира позади линукс имплементацијата во ИКС фирма. Затоа, поголемите фирми не ни размислуваат за сето тоа. Не дека не им одговара виндоус или дека им е поефтино вака, туку дека нема кој да дојде и да им даде соодветна поддршка. Сигуно нема да купуваат поддршка од Новел или Редхет.
...
-----/Original Message-----

Работам во голема фирма и првиот коментар на скептиците е точно таков, дека нема соодветна поддршка. Меѓутоа доколку ги прашаш каква конкретна поддршка бараат, немаат презицен одговор. А што воопшто значи поддршка од Мајкрософт? Печеви? Нови верзии? Скептиците во суштина ги мачи нешто друго: неизвесноста на слободниот софтвер во иднина. А тоа меѓу другото е резултат и на незнаење, но и незаинтересираност за ваквите трендови. Па и многу од програмерите се посебна приказна. Има такви кои апсолутно не се заинтересирани за слободен софтвер, сметајќи дека во нивната кариера не можат да профитираат од тоа.
Не е точно дека нема фирми кои не застануваат позади Линукс имплементации. Има, само тоа не го прават отворено и со стратегија јасна на нивните клиенти. Веројатно затоа што голем дел од нив се и Мајкрософт партнери па не им се дава делот од колачот.
Мислам дека се потребни фирми кои ќе бидат 100% дедицирани за поддршка и изработка на решенија во форма на слободен софтвер.
Меѓутоа потребни се и големи играчи, кои ќе би ја издржале тензијата на пазарот и сите сопки кои следат.

Крис



More information about the Ossm-members mailing list