[Ossm-members] Re: Сигурност

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Sat Nov 20 00:16:27 UTC 2004


Filip Risteski напиша:

>Кога се спомнува Линукс меѓу луѓето, кои што користат компјутери и имаат некакви познавања за софтвер и хардвер, секогаш се вели дека Линуксот е за хакери, и колку такви приказни за мали деца сум изнаслушал. Ме праша еднаш еден како е да имаш Линукс? Командите се задаваат како ДОС? Што е тоа Линукс знаеме само ние и мал број на луѓе околу нас.
>  
>

Некакви уствари никакви познавања за софтвер барем... :)  Тоа што они се 
неинформирани е нивен проблем, не сме ние јеховини сведоци па да идеме 
од врата на врата еј слушајте гну/линукс вака и вака... ај сеа купете 
дистрибуција! хах! :)  Сакам да кажам дека на интернет има повеќе од 
доволно информации (па и на македонски јазик) за секој оној што ќе се 
заинтересира да дознае нешто повеќе околу гну/линукс. Тоа што некои 
ботови (луѓе што ги знам) веќе неколку години ми зборат дека линукс е 
како ДОС а не земале ни да го пробаат не го коментирам понатаму... Друга 
работа, кај нас има еден куп сајтови, мејлинг листи, форуми каде што 
може кој било да се информира за што било поврзано со слободниот 
софтвер, да се приклучи во некој проект итн.

>Од друга страна компјутерските списанија се катастрофално лоши, и не можеме да се надеваме на презентација на Линукс во нив како алтернатива за Виндоус. 
>

Компјутерските списанија кај нас се катастрофално лоши во скоро секој 
поглед. Инаку досега сите редовно имале по некој текст за гну/линукс.

>Не знам како стои финансиски оваа организација, но зошто да не се направи некое квалитетно списание, чија главна тема ќе биде Слободен Софтвер, со многу објаснувања за Линукс, каде може да се најде, па нешто за нашата организација итн.? Подобар начин за едукација и промоција не може да биде. 
>  
>

Имаше идеја уште по формирањето, еднаш годишно да се објавува некое мини 
црно-бело лоу баџет списание за слободен софтвер и гну/линукс, но 
најверојатно поради тоа што никој не се нафати да го спрема и да трча по 
спонзорства целата работа остана само на идеја. Во секој случај останува 
фактот дека 99% од луѓето во Македонија не знаат што е слободен софтвер 
а тоа секако го отежнува и барањето спонзорства.

>А за финансиски средства може да се побараат од некои спонзорства или сл.
>
Може може... ;)

Поздрав.

ufo



More information about the Ossm-members mailing list