RE: [Ossm-members] Re: Сигурност
Filip Risteski
filip_risteski at mt.net.mk
Sat Nov 20 00:39:22 UTC 2004
>Некакви уствари никакви познавања за софтвер барем... :) Тоа што они се
>неинформирани е нивен проблем, не сме ние јеховини сведоци па да идеме
>од врата на врата еј слушајте гну/линукс вака и вака... ај сеа купете
>дистрибуција! хах! :) Сакам да кажам дека на интернет има повеќе од
>доволно информации (па и на македонски јазик) за секој оној што ќе се
>заинтересира да дознае нешто повеќе околу гну/линукс. Тоа што некои
>ботови (луѓе што ги знам) веќе неколку години ми зборат дека линукс е
>како ДОС а не земале ни да го пробаат не го коментирам понатаму... Друга
>работа, кај нас има еден куп сајтови, мејлинг листи, форуми каде што
>може кој било да се информира за што било поврзано со слободниот
>софтвер, да се приклучи во некој проект итн.
>Имаше идеја уште по формирањето, еднаш годишно да се објавува некое мини
>црно-бело лоу баџет списание за слободен софтвер и гну/линукс, но
>најверојатно поради тоа што никој не се нафати да го спрема и да трча по
>спонзорства целата работа остана само на идеја. Во секој случај останува
>фактот дека 99% од луѓето во Македонија не знаат што е слободен софтвер
>а тоа секако го отежнува и барањето спонзорства.
На итнернет има сајтови за буквално се и сешто. Зошто би му било на обичен корисник задоволен со Виндоус да земе и да троши пари (кај нас се уште немаме flatrate) барајќи на интернет што е тоа Линукс? Колку луѓе денес имаат интернет? Кога би имало еден весник кој би имал некое мото, на пр. „Баталете легализација“ или „Дознајте што е тоа Линукс“, сигурно би бил доста популарен, сите ќе бидат љубопитни (ќе сакаат да станат хакери :)) и ќе научат многу а и нашата организација ќе постигне многу големи успеси, рекламирајќи се на тој начин. Тоа не треба да биде еднаш годишно, треба да биде во боја и најмалку еднаш во два месеци, со многу јак маркетинг.
Сепак за да се постигнат резултати, треба да се работи напорно, а не само да се дебатира на мејлинг листава.
Доколку се решите на нешто вакво, ви стојам на располагање околу составување на весникот.
>А за финансиски средства може да се побараат од некои спонзорства или сл.
>
Може може... ;)
Кога сме кај финансиите погледнете го Bug и ќе видите дека добри 30% се реклами. Доколку се зафатиме понапорно околу ова би можеле и ние да ги покриваме финансиските трошоци доста лесно. Мобимак и космофон се први, телеком итн.
Поздрав
Филип
More information about the Ossm-members
mailing list