[Ossm-members] Re: Сигурност

Новица Наков novica at bagra.org
Sat Nov 20 17:53:40 UTC 2004


Filip Risteski напиша: 

> Така е тоа. Јас имам идеја за списание, почнувам сам да го правам, па ако
> работи и други ќе се приклучат на тоа.

Па горе доле така е. Ти имаш идеја за списание. Мислиш дека еден печатен 
медиум може да помогне многу. Да речеме дека е така. Како би ја спровел 
идејата? Прво треба да се запрашаш кои точно теми од областа на слободниот 
софтвер би ги покривал тој печатен медиум. Второ би требало да најдеш кои 
луѓе ќе ги пишуваат тие теми. Би можел да поработиш и на име и на лого. А и 
да собереш, барем начелно, мал DTP тим. Потоа можеш да им речеш на избраните 
автори да напишат нешто кратко на соодветните теми. Страница максимум, за да 
ја видиш нивната пишувачка и објаснувачка способност. Добиените матријали би 
можел да ги претставиш пред заедницата (оваа листа нели). Ние би коментирале. 
Можеби некој би извлекол коментар и до мама, тато, бато или дада кои не знаат 
што е слободен софтвер. Ваквите коментари би биле од помош. Фидбекот би го 
испратил до своите автори кои би го искористиле за подобрување на своите 
текстови. После ова би можел да се спремиш за пилот број. Би пресметал колку 
страници се тоа (секогаш деливи со 4), би се распрашал по печатниците колку 
пари би чинело ова и ова, во боја или црно бело. Би составил писма за 
спонзорства во кои ќе го објаснуваш тоа што сакаш да го правиш и за кое бараш 
пари. Тогаш ОССМ дефинитвно ќе ти излезе во пресрет. Ќе ти удри печат на 
писмата, ќе удри потпис прецедателот. Ќе ти понуди веб простор ако сакаш. Ако 
дојде до мене твојата инизијатива јас ќе ти предложам и да размислиш за 
идејата за овој проект да се користи веќе постоечката печатена литература. 
Пример: разните how-to текстови, прентации на програми и сл. да се објавуваат 
во месечните компјутерски списанија, а некои филозофски, општи текстови за 
слободниот софтвер и политиката, економијата и сл. во некои колумни или нешто 
слично во дневните весници. После ти си ги земаш писмата и советите и бркаш 
работа. Ќе видиш дали ти е полесно да организираш издавање на цел еден 
весник, или пак да го договориш со соодветните уредници ова второто. Ќе го 
направиш тоа што ќе одлучиш и си ја исполнил идејата. Ајде кажи во кој дел од 
работа ти треба помош од не-знам-кого-за-не-знам-што.

> Слободен софтвер Македонија е далеку од милијарда проекти!

Можда е далеку од милијарда, али во моментов има повеќе од што може да 
спроведе. Ова може е малку, но малку има и луѓе, ме разбираш?



-- 
Новица

Да се биде опасен, тоа е задача за иднината.



More information about the Ossm-members mailing list