[Ossm-members] Сигурност

Vasko Mitanov vaskom at mail.com.mk
Tue Nov 23 21:38:36 UTC 2004


|може... btw поимот „сегменти“ обично не се користи во Linux терминологија 
|пошто Linux-от исклучиво користи страници (page), меѓутоа претпоставувам на 
|тоа мислеше. 

Не мислев на тоа. Сегментирањето на меморијата е едно а страничењето е
друго. Во зависност од контролните регистри на процесорот (CR0-7) се мести
конфигурацијата во која ќе работи процесорот(флет модел на сегментирање,
мулти-сегментен модел, дали да има страничење, колкава ќе биде големината
на страниците 2КБ, 4КБ или дури 4МБ страници).
Хиерархиски гледано страничењето(paging) е под сегментирањето т.е.
во еден сегмент има повеќе страници).

|Во paged режим cs и ds се користат како базна адреса за 
|релативно адресирање, што е можеби слично на режим на работа со сегменти.

Не. Во paged режим, cs и ds се користат како селектори на сегмент,
т.е. како индекси во GDT глобалната дескрипторска табела каде
што заедно со офсетот од логичката адреса(фар поинтерот во Ц)се врши
транслација на логичката адреса во линерна адреса.
Доколку не вклучено страничење (paging) тогаш оваа адреса
(линерната адреса е и физичка адреса во меморијата) доколку
е подесен флегот од CR регистрте (т.е. е вклучено страничење)
тогаш линеарната адреса е всушност 32битен збор кој е составен од:

 31                                                                        0
 |индекс во дир. тбл | индекс во табела со страници| офсет|

Директориум е табела со мемориски страници.

Е сега колку битови ќе отпаднат на секое од нив зависи од големината
на страниците.

Зборот ми е, во секоја од овие фази на декодирање на логичка во физичка
адреса се врши проверка за привилегиите. И како што кажав
сегментните регистри покажуваат во GDT табелата до записи од
типот Сегментен дескриптор. Во секој сегментен дескриптор
постојат 3 или 4 битови кои кажуваат дали е execute only
дури има и флегови од типот dirty бит кои кажуваат и дали
е извршен кодот во тој сегмент.
Исто и во табелата со страници за секоја страница се чуваат привилегиите
со акцес (е тука се води само евиденција за RO или RW)






More information about the Ossm-members mailing list