[Ossm-members] The Open CD (makedonski prevod)
Georgi Stanojevski
georgis at unet.com.mk
Sat Nov 27 19:39:54 UTC 2004
Момците од TheOpenCD имаат во план во декември некаде да издадат нова
верзија на слободниот диск. Оваа верзија е хтмл базирана и може да се преведе,
ја преведов и еве го преводот.
Ако има некој желба(*) би замолил да го прочитате преводот и да кажете
ако има некои проблеми(мора да има, ако ништо друго барем печатни грешки).
Еве го преводот во една датотека:
http://glisha.softver.org.mk/ueb/datoteki/mk_translationTheOpenCD.txt
Или ако ви смета да ја читате цела, поделена по датотеки:
http://glisha.softver.org.mk/ueb/datoteki/mk_translationTheOpenCD.zip
(*)
Ќе ви требаат не повеќе од 10 минути да го прочитате и уште 10-тина да
дадете забелешки ако имате.
TheOpenCD за тие што незнаат е диск со слободни програми за Windows, и на
неколку наврати сме го делеле.
Така дисков најчесто е првото нешто што повеќе корисници го гледаат од
светот на слободниот софтвер и би било глупо инсталерот да има печатни
грешки или недоречености во преводот и после да се најде некој што ќе
мрчи дека ете безврска преводот бил.
Затоа одвојте максимум 20 минути(по 5 минути четири дена) да го разгледате
и да дадете забелешки. Ве молам, кога ќе се изрежат исоата ќе биде доцна.
--
Glisha
The perfect OS, MS-DOS!
No patches, no root exploits for 21 years.
More information about the Ossm-members
mailing list