[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)

Игор Поповски igormk at freemail.org.mk
Fri Oct 8 13:27:13 UTC 2004


Новица Наков напиша:

> Хм, интересно баш за овие е што тие секако ќе се користат на латиница. Никој 
> нема во прелистувачот да напише "хттп://". Така што не знам која е точно 
> поентата да ги препишуваме како ХТТП или ФТП и сл.

Од кај знаеш? Можеби и ќе може да се користат! Не сум многу технички
поткован, но знам дека порано не беше можно ниту адресите да бидат
кирилични, а сега повеќето прегледници можат да функционираат со УТФ-8
адреси (т.е. не само us-ascii)... Мислам дека Дамјан Г. и пробуваше
адреси од типот на „http://www.кирилица.com.mk“ и работеше и со Опера и
со Мозила и со прелистувачот од КДЕ...

Инаку, не е битно... Преводот треба да е конзистентен и според правописот.


> 1. Ако веќе се преведува „примарни партиции“ тогаш мислам дека „основни 
> делови“ би било најсоодветно (иако примарни е некој интернационализам или 
> нешто така, па и се користи во речниците на други области, а не само 
> комјутерската).

Да, еве и јас мислам дека „основни делови“ е во ред.

Инаку, за да расчистиме и по ова прашање; ако се инсистира на
„примарни“, не е целосно грешно зошто се работи за латински збор кој
може да се користи (го има во лексиконот на странски зборови)... Точно
е, се работи за интернационален збор. Јас лично не сум за негово
користење; може да се користи, но ако постои соодветен македонски збор
зошто?

Исто така, ако не сте задоволни со „дел“ за „partition“, може да се
користи и латинскиот „партикула“ (кој е основа и за англискиот
„partition“). Но дефинитивно не „партиција“.


> 2. Игор што точно работиш ти? Колку што ми текнува секогаш си во ваквите 
> јазични дискусии, па чисто ме интересира што, како, од каде, ако не е 
> тајна. :)

Архитект по вокација, моментално принудно болничар-дерматовенеролог :), 
т.е. го отслужувам воениот рок цивилно на Клиника за кожни и венерични 
болести во Скопје :)

Немам допирни точки со филологијата, но од секогаш сум инсистирал на
употреба на литературниот јазик, барем на места кои според мене се
одреден вид на формална комуникација. Многу се нервирам кога секојдневно
читам лош превод на филмовите на телевизија, слушам лошо склопени
реченици на вестите и читам катастрофални текстови во весниците.

Сепак, скопско дете сум и свесен сум дека и мене често ми се
провлекуваат грешки :)


> Игор, ти како човек кој ги има сите книги од оваа тема, би се нафатил ли на 
> некоја ваква акција? :)

Нема проблем... Сè додека не ме обврзувате со тесни рокови, би помогнал.
Пиши што треба да се прави!






More information about the Ossm-members mailing list