RE: [Ossm-members]Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)
Filip Risteski
filip_risteski at mt.net.mk
Tue Oct 12 15:37:24 UTC 2004
> Како што напишав, писмо во македонскиот јазик е *само* кириличното.
> Вака би се давала предност само на одредено писмо, т.е. јазик. Јасно ми
> е дека англискиот е своевиден интернационален јазик на денешницата, но
> сепак, сега за сега официјално нема никаква предност во однос на другите
> јазици. Ако би се дозволила употреба на латиничното писмо, зошно не и на
> арапското, хебрејското, јапонското... Замисли ситуација: кучешки џигер
> во сос од мувини ларви со мед се вика 情 а се чита „хју-џау“. Тој џигер
> како таков е општо-познат во Кина со нејзините 1 и кусур милијарда
> жители. Дали ти кога би пишувал рецепт во Македонија за ориз на
> мандариншки начин гарниран со хју-џау ќе пишеш „ориз со 情“ или „ориз со
> хју-џау“?
> Кратенките за протоколи, подолги термини (нпр. ХДСЛ, ХТТП, ИСДН...)
>да ги пишуваме на кирилица
- Имав прилика да се соочам со јапонска или кинеска (појма неам) верзија на Windows. Забележав дека повеќе термини, како овие, си останале на латиница непреведни.
>Во текстовите (и говорот, препорачливо, макар да мислам дека е
>неизводливо) да користиме преведени изрази (нпр. прегледувач наместо
>браузер, печатач наместо принтер итн) и да постои јавно пристапна база
>на вакви термини
- Тоа секако
>Протоколот за Пренос на Датотеки (ФТП) кој овозможува да бла бла бла...“.
- Тоа ФТП на латиница FTP
>Јас за оваа работа сеуште ќе стојам на мојата логика без разлика на
>правилата на нашиот јазик, и така ке продолжам да преведувам. Инаку ова
>горе што Протоколот за Пренос на Датотеки (ФТП) треба да се преведува
>како ППД така? Сите зборчиња од овој тип се акроними и ако се
>преведуваат на македонски треба да се земаат првите букви на
>македонскиот јазик а не на англискиот пр. (ФТП=ППС, ДНС=УСД итн за
>другите). Дали ова мислите дека е во ред? Дали повеќето од корисниците
>без разлика дали се обични или администратори ќе знаат „што кажал
>писателот“??? Само сакам еден детален одговор на ова прашање.
- Затоа нека си останат на латиница на пр. Протокол за Пренос на Датотеки (eng. FTP)
More information about the Ossm-members
mailing list