[Ossm-members] Re: =?utf-8?Q?=D0=9F=D1=80=D0=B5=D0=B2=D0=BE=D0=B4=D0=B8?=, =?utf-8?Q?=D1=82=D0=B5=D1=80=D0=BC=D0=B8=D0=BD=D0=B8?=, стандардизација - состанок

novica at bagra.org novica at bagra.org
Fri Oct 15 12:33:21 UTC 2004


> Ја носам листови со термини. Додека не се 
> договориме кои
> термини ќе се користат и додека не се договориме 
> дали FTP ќе биде FTP или ФТП нема дома идење.

Ајде биди сериозен. Не сме успеале да се договориме какви
термини ќе се користат со месеци и месеци на листа и ти
мислиш дека во град за едно попладне ќе го средиш тоа?

Јас предлагам состанокот да го правите опуштен и евентуално
темата да биде за идејата на Златко.

За преводите и така нема што да се договара бидејќи за
зборовите и јазикот постојат речници и правопис.

Предлогот на Игор речник->правила->превод е одличен и
мислам дека наместо расправање на глупости најдобро е да се
направи речникот и да се скицираат/допрецизираат правилата
(бидејќи нели имаме веќе нешто). Ако ти и Савиќ сте толку
нафурани на средувањето на термините, Игор ќе ве координира
и ќе направите мини foldoc на македонски. Тоа е тоа.

-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list