[Ossm-members] МаЛинКо

Zlatko Trajceski zlat at bagra.org
Wed Oct 13 03:52:52 UTC 2004


Името „МаЛинКо“ не е баш најсреќно одбрано (идејата е нели од МаЛинА), 
но нека биде работен наслов на „Македонска Линукс конференција/фест“ кој 
предлагам да се одржи во средината на декември оваа година.

Други предлози за имиња кои ми текнуваат се „оссмКон“ или „оссмФЕСТ“.


Малинко би бил случување во форма на предавања и по можност работилница 
од областа на слободниот софтвер. Би се одржало 1 или 2 дена некоj од 
викендите 11-12 или 18-19 декември. Би се состоел од 5-6 (па и повеќе) 
предавања на ден и би се одржал по можност во амфитеатарот на ЕТФ или во 
салата на градско собрание. Присуството би било слободно и бесплатно.

Манифестацијата би била првенствено наменета за корисниците на линукс и 
слободен софтвер и корисниците на неслободни софтверски решенија (да се 
запознаат со слободната алтернатива).

Манифестацијата би добила годишен карактер и би била место каде еднаш 
годишно ќе се претставуваат достигнувањата на слободниот софтвер кај нас 
и во светот. Со неа би се постигнала подобра комуникација помеѓу 
корисниците на слободен софтвер и би се промовирале нови корисниции. 
Исто така би се постигнала поголема информираност за слободниот софтвер 
во Македонија.


Предавањата би биле (листата е идејна):
- Линукс за почетници
- Како функционира заедницата и начинот на развој на слободниот софтвер
- Што има во најновиот ГНОМ 2.8 и неговиот превод
- Што има во најновото КДЕ 3.3 и неговиот превод
- Што има во Федора Кор 3 и преводот нејзин
- Што има во Мандрејк 10.1 и преводот
- Правила за преведување
- Како се преведува со KBabel (http://www.softver.org.mk/prevod/kbabel/)
- Предлог закон за слободен софтвер
- Лугола - претставување и нејзината улога во Битола како прва линукс 
група надвор од Скопје
- Проекти на Лугола 
(http://users.ossm.org.mk/~gemidjy/index.php?option=content&task=blogsection&id=4&Itemid=38)
- Gemter Pack - Aпликација за мониторинг на работа на Интернет Клубови 
(http://users.ossm.org.mk/~gemidjy/index.php?option=content&task=view&id=11&Itemid=30)
- GIB -  Tool for building GNOME compliant icon themes 
(http://users.ossm.org.mk/~tome/gib)
- Слободен IM протокол Jabber (http://www.softver.org.mk/damjan/jabber)
- Кратко претставување на блоговите и македонскиот линукс планет 
агрегатор (planet.linux.net.mk)
- Што нуди Моно 1.0 (http://users.ossm.org.mk/~tome/index.php?p=9)
- Пајтон за почетници во линукс програмирањето
- Ристе да си смисли некое предавање од областа на програмирањето
- Стојмир, Дамјан, Снајпер да извлечат некое кратко предавање од 
имплементациите на линукс во нивните фирми и проблемите со кои се 
сретнале при тоа
- ... било што друго од било кој предавач кој би бил заинтересиран да 
сподели некое свое знаење со другите.

Добро би било да добиеме и некоја училница со компјутери каде би се 
одржала паралелно и една работилница во стилот „Подесување на IPTables 
под линукс“ или „Подесување на Apache“, „Работа во BASH“,... - има 
милион опции.


За манифестацијата би ни биле потребни:
- просторија (ЕТФ амфитеатар, градско собрание, други идеи...) - мора да 
ја најдеме бесплатно
- видео бим - исто така да го позајмиме бесплатно
- сокови за освежување (~100 литри?) - Кока Кола, Фанта од 2 л. по 70 
ден. Х 40 шишиња = 2800 ден. + Кисела вода (1,5 л.) 25 ден. Х 15 = 375 
ден.  == 3175 - ова би било добро да се најде како спонзорство.
- 20 колор плакати А3 * 50 ден. плус 20 црно бели * 5 ден. ~ 1100 ден.
- печатени материјали - план на предавањата (опционо) - 100 А4 листа * 5 
ден. = 500 ден.
- ЦД -а со презентациите и друг промотивен материјал на Оссм (опционо)

= 4775 ден. кои верувам можеме да ги најдеме како спонзорство. 
Спонзорите би добиле свое лого на плакатите и на веб сајтот.


Помош е потребна:
- треба да се договори просторија
- да се договори видео бим
- да се побара спонзорство за сокови (можеби и нотеси) и сл.
- да се изработат плакати
- да се изработи веб страна за настанот
- ...
Пријавете се доколку сакате да помогнете во некоја од горниве работи.


Линкови до слични манифестации во соседството:
http://cluc.linux.hr/
http://www.openfest.org/


Предлогов кој го напишав во никој случај не е конечен и подлежен е на 
промени. Не ќе биде лошо текстов да се стави на некоја вики страница 
каде ќе може да се подновува. Значи секаква сугестија е добредојдена. 
Помошта е повеќе од потребна, а работите околу кои може да се помогне се 
наведени. Исто така има потреба од предавачи, па доколку сакате нешто да 
претставите не се двоумете и пријавете се.

Планирам да одам на www.openfest.org во Софија на 23 - 24 декември. 
Добро ќе биде да најдеме и предавач од Бугарија - да добиеме малку 
интернационален (балкански?) шмек, но не е неопходно.


Па, пишете што мислете и каде можете да се вклучите.





More information about the Ossm-members mailing list