[Ossm-members] Лого
Nikola Vanevski
nino at postbank.com.mk
Wed Oct 13 12:52:17 UTC 2004
novica at bagra.org wrote:
> Ова е општ проблем. Дури и муабетот за преводите во суштина се
> сведува на тоа дали од една или друга идеја/иницијатива на крај ќе
> излезе некаков плод/резултат.
Проблем е што пристапот до цела работа е на волонтерска основа. Идеите
и иницијативите се супер, ама им фалат заби. Забите во случајов се :
- Координација од еден (не од двајца!)
- Конкретни барања
- Конкретни задачи до конкретни луѓе
- Конкретни рокови
Е ова бара и малку посветеност. Задачите не мора да се обемни,
роковите не мора да се тесни. Битно е да ги има и да се така поставени
за да се забележува прогрес. Не се за џабе страниците од типот „статус
на преводот на бла бла“ или „Mono Roadmap“ и такви. За секој проект е
мнооогу битно да се забележува прогресот на работата - не само што
дава впечаток на успешен проект, туку и привлекува она што го викаме
community.
Што беше коментарот со филозофирањето? :)
Нино
More information about the Ossm-members
mailing list