[Ossm-members] viki za Malinko
Новица Наков
novica at bagra.org
Sun Oct 17 14:08:39 UTC 2004
Од wiki-то:
> Исто така имаме понуда друга организација (во формирање) да ги
> превземе/помогне работите околу пишување на документација, барање
> спонзорства и покани на манифестацијата, бесплатно поради лична афирмација.
Објаснете ви се молам.
За предавањата: мислам дека бр. 1 критериум е сè што ќе се презентира да биде
под некоја лиценца која е OSI approved или ја има на листата на слободен
софтвер лиценци на gnu.org. Ова го кажувам бидејќи видов linux како gaming
платформа, а тоа winex колку што ми текнува имаше некоја заебана лиценца.
Внимавајте, сепак ова го организира _Слободен_софтвер_Македонија_.
Понатаму, од чисто практични причини добро би било прво да се одреди каде ќе
се одвива настанот. Настанов ќе трае 2 дена. Да речеме дека ќе се добијат две
предавални на ЕТФ* (+ некаква соба со компјутери). Тоа ќе значи дека може да
се одржуваат по две предавања паралено, при што посетителите ќе можат да одат
од едно до друго на паузите. Ако има две простории тогаш (ако има предавања
од 10 до 16, и ако траат 45-60 мин.) може да има по 6 предавања (или вкупно
12) дневно, т.е. 24 во двата дена. Тогаш може да се одреди колку предавачи
треба, и кои предавања задолжително треба да се организираат (пр. Општо за
слободен софтвер, за ОССМ и сл.).
+ идејата за некаква конференција воопшто не е нова. Ако не ве мрзи да си
прочепкате по сандачињата (Златко, Уфо) тогаш ќе најдете едно предлогче што
јас го пратив негде во август 2003-тата. Таму имаше прилично разработени
работи.
* Патем не е лошо да се праша и на ПМФ. Со оглед на тоа дека таму веќе имаше
едно предавање (делумно) од областа на слободниот софтвер. Исто не е лошо да
се контактира со тој момакот Горан. Неговото предавање беше стварно добро и
штета што тогаш не го видоа многу луѓе.
--
Новица
There is no patch for stupidity.
More information about the Ossm-members
mailing list