RE: [Ossm-members] Превод: нови моменти
Vasko Mitanov
vaskom at mail.com.mk
Tue Oct 26 13:21:42 UTC 2004
> Малку не ја „фаќа" смислата на самиот концепт на failover. Знаеме дека
> се работи за преземање на сервисите на еден сервер од друг сервер кој
> е во кластер со него, во случај на исфрлање на првиот од функција =
> „преземање при испад". Така да, всушност, грешката е надмината, ама
> тоа на никој начин не асоцира на кластерирање.
Ја фаќа одлично смислата на концептот failover. Fail - грешка, Fail-Over
надминување на ситуацијата односно грешката/проблемот.
А инаку и не треба да асоцира на кластерирање, самиот збор failover укажува
на својство на системот да надминува грешки, а како ќе ги надмине
тоа е друго прашање.
> Ова веќе нема никаква врска со самата суштина. Колку што се разбирам
> во кластери (а администрирав такви на Tru64), под failover domain се
> подразбира кластер-групата на која failover сервисите се дефинирани.
> Или, поинаку кажано, доколку во кластерот имаш 4 сервери, а mail
> серверот е конфигуриран за failover само на два од нив, тогаш тие два
> сервери се mail failover domain. Некако, „област на надминување
> проблеми" не ми влегува во сликата.
Па и ја се имам искуство со кластери, не зборам на памет, во врска со твојот
пример тогаш би било: двата мејл сервири се во област во која проблемите
се надминуваат. (на кој начин се надминуваат е иррелевантно)
> поставување на сопствени индексни структури на партициите. Никој
> нормален нема да стави база на лента или стик.
1. Се става поради бекап;
2. Зависно од индексните структури може да се користи и лента или стик.
> > Повеќекорисничко адресирање?
> И Broadcast е повеќекорисничко, така да не ќе може да се направи
> разлика. Односно, broadcast би било „ситекорисничко", во тој случај.
Broadcast е зрачење (иако во прв момент асоцира на електромагнетно
не мора да значи).
> Се работи за адресирање само на определени ИП адреси во рангот, а не
> на сите (дури не ни на подкласа, туку само на оние кои се декларирани
> како членови на multicast група. Види Unix Network Programming,
> Richard W. Stevens).
Не се секирај знам малце за мрежи, имам направено свој TCP стек
за ембедед уреди.
More information about the Ossm-members
mailing list