Re: [Ossm-members] Превод: нови моменти

Никола Ваневски nvanevski at gmail.com
Tue Oct 26 14:32:16 UTC 2004


On Tue, 26 Oct 2004 15:21:42 +0200, Vasko Mitanov <vaskom at mail.com.mk> wrote:
> А инаку и не треба да асоцира на кластерирање, самиот збор failover укажува
> на својство на системот да надминува грешки, а како ќе ги надмине
> тоа е друго прашање.
Својство на системот да надминува грешки има пошироко значење - fault
tolerance. Failover е само една негова имплементација и значи точно
тоа - преземање на сервиси на кластериран систем - воопшто не е друго
прашање како ќе ги надмине, туку има точно дефинирана процедура и
параметри.

> Па и ја се имам искуство со кластери, не зборам на памет, 
Не ме сфаќај погрешно, немам намера да ти го доведувам авторитетот или
познавањата во прашање.

> во врска со твојот пример тогаш би било: двата мејл сервири се во област во која проблемите
> се надминуваат. (на кој начин се надминуваат е иррелевантно)
Ова е драстичен пример на сосила преведени поими. Ај domain да се
преведе како област, уште и може да се голтне (иако поимот е премногу
„географски"), ама комбинацијата „област во која проблемите се
надминуваат" може да биде опис и за деконтаминациона комора. Или
бесцаринска зона. Или подрум со генератор за струја, кој дефинитивно
надминува проблеми кога дистрибуција ќе зезне работа. За војната во
Босна, Дејтона беше „област во која проблемите се надминуваат".

Многу е релевантно на кој начин се надминуваат проблемите. Тоа ја
дефинира и технологијата и терминологијата. Воопштувања од типот
„област во која проблемите се надминуваат" можат само дополнително да
ги испомешаат работите.

> 
> > поставување на сопствени индексни структури на партициите. Никој
> > нормален нема да стави база на лента или стик.
> 
> 1. Се става поради бекап;
Бекап се прави на медиум со формиран фајл систем. Тоа е точно „обработен уред". 

> 2. Зависно од индексните структури може да се користи и лента или стик.
Лентата е медуим со секвенцијален пристап и никакво индексирање не е
потребно, ниту пак можно. Базите кои користат ленти и други
секвенцијални медиуми за друго освен бекап, изумреа пред 25 години.
Стикот и не е некој избор за ставање на база. За повеќето бази, дури
ни теоретски.

> Не се секирај знам малце за мрежи, имам направено свој TCP стек
> за ембедед уреди.
Пак ќе повторам : не мислам да ти го повредувам ни авторитетот, ни
познавањата. Само не ми се допаѓа преводот.


More information about the Ossm-members mailing list