[Ossm-members] Re: Малина: Промени

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Thu Sep 2 11:12:09 UTC 2004


Aleksandar Balalovski напиша:

> Да, досега имам направено неколку апликации кои КОМОТНО можат да се 
> имплементираат во Малина. Меѓутоа на последниот состанок на Малина 
> тимот (иако тоа личеше на тим за локализација), предлогот да одат 
> некои од моите апликации во Малина заврши со „А не може да се најде на 
> Интернет таква апликација и да се преведе?“, такашто не вели дека не 
> сум сработил ништо. Јас создавам, ти (и другите што САМО преведуваат) 
> модифицираш.
>
Леле, не исповреѓа не исповреѓа, е не преведуеме веќе... :)

Гллоуп, види... Додавањето на твоите апликации на имиџот трае некои 5 
секунди, така да тоа не претставува никаков проблем.

> <>И пак: Кој одлучи база на македонската Linux алтернатива е Федора? 
> Тука исто може и по некој аргумент за тоа ЗОШТО е избрана Федората, 
> само без коментари од типот „99% е преведена“.


Што е сеа ова, дистро ворс ќе праиме? :)))

Федора е избрана пошто е закон. :)

> <>Ете и јас сум во тимот за програмирање. Досега немам добиено никакви 
> инструкции од надлежниот (кој воопшто и не постои) за проекти за 
> програмирање. Значи тоа „Ако некој сака да помогне досега никогаш не 
> сме одбиле помош. :)“ отпаѓа. Ете сакам да помогнам, кажи што треба да 
> направам? Да преведувам? 100 пати (досега кажав) сум попродуктивен 
> кога се работи за програмирање. Редица други мисли ми се редат овие 
> денови ама се плашам од општ хаос!


Проектот е 80% локализација. Ти програмирај и иди прочитај погоре у 
мејлов што се праи за 5 секунди.

> На пример, колкумина од вас досега го компајлирале Gemter Pack, 
> колкумина од вас досега го компајлирале GIB (проектот на Томе). Сето 
> тоа неверојатно многу фрустрира!

Ја го компајлирав GIB и одма поднесов извештај за бубачка кај 
програмерот. :)



More information about the Ossm-members mailing list