[Ossm-members] Ден на слободен софтвер во Битола

Aleksandar Balalovski gssteam at on.net.mk
Fri Sep 10 11:01:18 UTC 2004


Здраво,

Linux корисничката група на Битола во соработка со Интегра Инг. на 21ви овој 
месец (Септември) организира ден на слободен софтвер во Битола.

Сите заинтересирани што сакаат со свои презентации да учествуваат во настанот, 
сите што сакаат да кажат збор-два или сите што сакаат да пијат пиво :) и да 
кулираат, нека повелат. 

Програмата за настанот ќе биде објавена утре (Сабота). Место на одржување ќе 
биде фирмата Интегра Инжинеринг, која го потпомогна целиот настан, а од друга 
страна го искористи своето влијание да Revolution OS биде емитуван на 
битолската телевизија Тера.

Значи, спремајте се! На 21 доаѓате за Битола. Денот паѓа Сабота!

Утре очекувајте програма за настанит, дизајн на флаери, дизајн на плакати.

Мало известување. Настанот ќе биде строго временски ограничен. ОВА ВАЖИ ЗА ТИЕ 
ОД ДРУГИТЕ ГРАДОВИ: Тргнете со време за да бидите точни! Сфатете го како 
молба!

Поздрав,
Александар


More information about the Ossm-members mailing list