[Ossm-members] Re: Инсталфест #2
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Sat Apr 16 12:27:40 UTC 2005
Arangel Angov wrote:
> И ќе правиме значи. [http://www.slobodensoftver.org.mk/installfest/]
Пак јас.
Глиша, поправи го горе насловот на сајтот. Не може „ГНУ/Линукс Install &
Burn Fest“. Нека биде „ГНУ/Линукс Инсталфест“. Кирилица, македонски ало.
Друго што ми текна. Не би било лошо да се стави една машина како сервер
на која што ќе стојат сите имиџи од дистрибуции и на која што ќе стојат
сите додатни софтверски пакети за сите дистрибуции. Ја ќе донесам свич.
За убунту и федора може да се напраат и две репозиторија со екстра
пакети (non-free и слично). И убунту и федора не вршат работа без бмп
плеер, мплеер и такви некои други програми што не ми текнуваат сега.
Колку што знам Мендрејк како Европска дистрибуција доаѓа многу поспремен
во овој поглед.
И треба да се стаи на влезот до вратата една маса и таму да се
пријавуваат сите што ќе дојдат. Да им се даде тоа што треба да им се
даде и да бидат прашани која дистрибуција сакааат да ја инсталираат и да
бидат пратени кај правиот човек.
Толку ми текнува сега.
--
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk
More information about the Ossm-members
mailing list