[Ossm-members] Izvestuvanje: Install fest idniot vikend
Georgi Stanojevski
georgis at unet.com.mk
Sat Apr 16 16:40:52 UTC 2005
Дечки, идниот викенд ќе праиме Инстал фест на ЕТФ во Скопје.
[Баталете го Уфо што пишал прво овие две работи да ги средиме]
Да кажам тоа што треба итно да најдеме, а после тоа што е направено.
Значи ни требаат:
- Продолжни кабли со најмалку 20 утичници, тоа се некаде околу 10-тина
продолжни кабли со по три утичници - НАЈМАЛКУ.
- Пет мрежни кабли.
Секој да вети по еден ќе собереме, ова е битно ај Ве молам кажeте кој што
може да најде.
Сработено:
1. Сајтот http://www.slobodensoftver.org.mk/installfest/
2. Постер кој во понеделник ќе го лепиме на ЕТФ, ПМФ, Корчагин, Карев и
евентуално КГФ, најверојатно и на Инфоком. Ако некој мисли дека треба и
на друго место нека ми напише приватна пошта да се договориме да одиме.
http://www.ossm.org.mk/installfest/images/plakatbw.jpg
http://www.ossm.org.mk/installfest/images/plakat.jpg
3. Мали флаерчињa што ќе се пуштат на копир да идат (сега за сега имам пари
за 500) што мислам дека би било убаво да ги делиме на Инфоком во
Четврток и Петок. Кој е исто така заинтересиран да помогне да се
ископираат повеќе а и да помогне при делењето на Инфоком нека пише
слободно.
http://www.ossm.org.mk/installfest/images/malo.jpg
4. Игор ќе позајми 4 слободни монитори за тие што нема да си го носат
мониторот. Мислам дека се доволно.
5. Најдовме и 4-5 компјутери на кои што ќе се снимаат дистрибуциите.
(Златко, Стојмир, Зоки, Уфо и Јас). Минатиот пат имаше само два и пол и
беа поприлично малку.
6. Златко ќе позајми Wifi АП со рутерче за да можеме да се поврземе на WLAN
мрежата на ЕТФ на која има интернет. Уфо ќе позајми 5 портен свич за да
може да се умрежат другите компјутери на кои би им требало евентуално
интернет - затоа се 5-те мрежни кабли.
7. Има и налепници на обичен бел муфлон напраени, ако некој направи поубави
екстра.
(http://www.slobodensoftver.org.mk/installfest/images/nalepnici.jpg)
Тоа е тоа мислам.
--
Glisha
The perfect OS, MS-DOS!
No patches, no root exploits for 21 years.
More information about the Ossm-members
mailing list