[Ossm-members] Re: �2
Dean Josevski
dean at integraeng.com.mk
Fri Apr 22 09:12:45 UTC 2005
Nikola Vanevski wrote:
> Водете сметка дека само неискусен корисник ќе го донесе компјутерот за
> инсталација на лице место - тоа значи дека тој не може/не знае/не сака
> да знае како да прави инсталации, и на првиот проблем на кој ќе
Во најновиот број на PlugIn бр. 50, на CD-то има pdf документ за
инсталирање на Linux. Оние коишто не сакат да го „тегнат“ компјутерот, а
сакаат да научат, можете да им го препорачувате овој текст. Не дека јас
го напишав, ама тексотт не е лош. ;)
> Што се случува ако корисникот донесе машина со Конексант или Моторола
> или некој друг Винмодем за кој нема драјвери во слободните дистрибуции
> (а што по дефиниција се случува со повеќето од нашиве пиљари кои онака
> „успут" продаваат компјутери)? Баш ме интересира како типот ќе го
> прифати објаснувањето дека Конексант не ги „ослободил" драјверите, па
> затоа сега тој не може да си сурфа....
>
Дали некој овде има предлог за идна продажба на интерни хардверски
модеми. Мислам некоја листа којашто постојано би се одржувала, а на која
би биле актуелните модеми коишто можат да се најдат во МК, (а како
хардверески ќе можат да работаат и со Linux). На соодветната страна би
имало соодветни драјвери и објаснување за начин на инсталација и сл. На
тој начин (како што рече: „пиљарите“) индиректно би помогнале во
правилно осмислување на конфигурациите.
(Инаку јас кога можам убедувам за екстерен модем.)
Деан.
More information about the Ossm-members
mailing list