[Ossm-members] Re: веб страна ( Преведувачки маратон бр. 3)
Bozidar Proevski
bobibobi at freemail.com.mk
Wed Aug 31 20:08:56 UTC 2005
On Wednesday 31 August 2005 20:29, Georgi Stanojevski wrote:
> Еве неколку банери и постер за пропаганда.
> http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2005/propaganda/
Еве неколку забелешки на постерот... Прво текстот би можел да биде во множина
за да добие на официјалност. Не е „интернет страната“ туку
„интернет-страницата“ или „страницата на интернет“. Во десното бело поле има
едно незгодно пренесување на текст „... софтве _| рски ...“. Би требало да
биде „т.е.“ а не „те.“ (то ест). Нешто подобра концепција на придобивките од
локализацијата (ова е мое мислење не е забелешка). Евентуално (пак мое
мислење) постерот да биде накај сино (боите на ОО) наместо накај зелено.
И за крај, како е правилно „Чикаго“ или „Шикагоу“, „Вашингтон“ или
„Уошингтн“ (знам дека го тупам ама тоа у-то ми пречи)
Поздрав Боби
More information about the Ossm-members
mailing list