[Ossm-members] �

Aleksandar Balalovski aleksandar.balalovski at gmail.com
Sat Dec 3 01:27:39 UTC 2005


Zlatko Trajceski wrote:

>Ај за да не се фалите само самите и јас да кажам БРАВО ЛУГОЛА!
>
>Супер е кога слушаме дека се случуваат вакви настани во Битола. Да
>излезат еден куп луголаши од децата :-)
>
>Туку може ли на кратко да ни кажеш како учениците го прифатија
>линуксот (слободниот софтвер), колку биле запознаени пред тоа со
>тематиката и дали имаше такви кои после презентацијата се
>заинтересираа за линукс. Баш ме интересира колку се запознени
>помладите во Битола со тоа што го промовираме - слободниот софтвер.
>
>И уште еднаш - БРАВО!
>

Не се фалиме, се охрабруваме :))

Иначе фала за добрите зборови најпрво. Потоа, што се однесува до 
прифаќањето. Особен интерес и успех :) пројавија децата од основните 
школи. Веројатно затоа што му е нова работа и повеќето од нив прашуваа 
како да инсталираат и да дојдат до Линукс систем на нивниот компјутер. 
Затоа го организиравме овај Инстал Деј секоја сабота од 11:00-19:00 во 
Декември а ако има потреба и понатаму. После..се пројави интерес за 
зачленување и прифаќање на обврски во групата. Запознавме нови фаци и 
стекнавме нови другарчиња. Интересно е што професорите каде што се 
обративме, сите пројавија желба да ни помогнат. Ниту еден, Фала му на 
Бога, не кажа „Не сме заинтересирани“. Се работеше за нас :) Дури и 
прилог добивме од Тера ТВ и ете големо ФАЛА За ТВ ТЕРА. Голема поддршка 
од Лугола за нив, секогаш ни се во пресрет!

Во средните училишта имаше исто интерес. Само таму повеќето се веќе 
насочени кон некоја работа па не би прифатиле СС така лесно како 
алтернатива, но во секој случај задоволни сме од одзивот. Во битолското 
техничко училиште имаше околу 100 на презентацијата по наша проценка. Не 
дека сите беа заинтересирани но сепак 2 третини кажувам слободно беа. 
Групата се збогати и со начин на комуникација и со пријатели и другари 
од основните и со пријателства меѓу професорите од 4те училишта каде 
гостувавме. Иначе мисијата што ја извршивме ќе добие име, сеуште 
дебатираме на темата :))

Досега се поделија преку 100 памфлети „Слободата и Ти“ од оССМ, 50-тина 
маички од Лугола, преку 100 ЦДиња од Убунту и 10 ДВД-иња со СуСЕ 10.0. 
Не сме задоволно туку рипаме од радост и исполнетост од успехот што го 
направивме. Уште еднаш еве прилика да кажам во мое име фала на (без 
никаков приоритет на листата):

- Виктор,
- Јове,
- Јосип,
- Јован, Ацка
- Симона :)
- Зоран
- Баже
- Дејан
- Милчо
- Жарко
- Иван (браво мали!)
- Иво
- проф. од Климент, Елпида, Техничко и долната гимназија (за сите ФАЛА!!)
- уфо
- стојмир (средивме за апликацијата ;) )
- сите мами и татовци и батковци и цеци што беа зад нас,
- Биротех,
- ТВ Тера,
- Весникот „Его“ (во новиот број прилог за групата)
- Петар, Оги и Говинда!
- СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ГРУПАТА ШТО БЕВТЕ ЗАД НАС ЦЕЛО ВРЕМЕ !
- СИТЕ ШТО ГИ ПОСЕТИЈА НАШИТЕ ПРЕЗЕНТАЦИИ И ГОСТУВАЊА !
- СИТЕ ШТО ИНСТАЛИРАА ГНУ/ЛИНУКС И МУ ДАДОА ШАНСА НА СЛОБОДНИОТ СОФТВЕР

СЕТА СЛАВА НА СИТЕ ВАС !!!
Ајде па да правиме една масовна журка кога Битола ќе се префрли 100% на 
ГНУ/Линукс ;)

Поздрав,
Александар





More information about the Ossm-members mailing list