[Ossm-members] TV tuner remote control
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Mon Dec 19 11:03:39 UTC 2005
> Имам TV Tuner со следниве спецификации:
> Vendor: Philips Semiconductors
> Device: SAA7130 Video Broadcast Decoder
кој модел фирма е ?
> Се си работи како што треба само на даљинското не работат сите
> копчиња. Немав потреба од никаква конфигурација на модули, зборувам за
> гледање телевизија, слушање радио и сегашната функционалност на
> даљинското. Моментално го користам модулот saa7134.
само тој ли е модул кој се учитува за картицата?
> Станува збор инаку за Ubuntu 5.10 со 2.6 kernel. Читав на форумите на Убунту
> и барав на Google како се подесуваат копчињата на даљинското и видов дека
> еден начин е користење на lirc а другиот начин е преку конфигурирање на
> xorg.conf со користење на kbd driver и xkb options.
пошто до сега не користиш lirc, а даљинското ти работи, можам само да
претпоставам дека даљинското е третирано како било која обична тастатура?
Стартај „xev“ ОД ТЕРМИНАЛ и стискај ги копчињата на даљинското и кажи што се
случува.
> Инаку ми работата копчињата од 0-9, Volume up, Volume down, Shutdown,
> Mute, recall. И никако да видам кој процес го контролира сето
> ова(мислам за сегашната состојба на копчињата). Има некој некоја
> идеја, каде би можел да барам?
а ај дај што ти вика „cat /proc/bus/input/devices“
> Или да инсталирам Lirc...
Пошто до сега ти работи и без lirc, некако си мислам дека lirc-от додатно ќе
ти ги комплицира работите.
--
дамјан
To boldly go where I surely don't belong.
More information about the Ossm-members
mailing list