[Ossm-members] predlog za izrabotuvanje recnik na makedonski jazik za poimi od oblasta na informatikata
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Thu Feb 3 11:50:59 UTC 2005
Гледам темава се начнува повторно...
> Интегра инженеринг (т. е. јас ;)) сум близок (роднинска врска) со
> проф. по македноски јазик. Исто така во Интегра инженеринг се
> изведува настава по англиски јазик, што значи дека има и проф. по
> англиски јазик.
Никогаш не била проблем помошта од стручни лица, туку нашта
(не)организираност.
> Кога би ги добил зборовите (и фразите) на англиски јазик во една
> (прва) колона од Calc табела на пример, професорките ќе ги преведат и
> ќе извршат јазична редакција. Така во друга (втора) колона ќе се
> добијат точни (конечни) преводи.
Не е изводливо од неколку причини:
- зборовите се појавуваат во различни контексти
- превод на збор е многу мал проблем; недостатокот од пишани правописни
правила за транскрипција/транслитерација, странски термини и сл. е тоа
што е проблематично (се гледа од честите дискусии за тоа)
- ако некој успее така прецизно да ги издвои зборовите од постоечките
преводи (кои ги има премногу), тогаш ќе успее да ги извади и нивните
преводи кои можат да бидат дискутирани тука, на состанок или каде било
за да се усвојат некакви стандарди
> Јазикот е сложена и жива материја - тоа сите го знаеме. Затоа со
> сигурност очекувам дека ќе има неусогласености во размислувањата за
> одредени зборови, но сигурен сум, ќе се сложите дека прво мора да се
> направи речник, па дури потоа да се пристапи кон преведување. Во
> спротивно секој си (и ќе си) преведува како што сака, па на крајот
> сите македончиња си користат англиски верзии. ;(
Она што може да се направи, и според мене би било повеќе продуктивно, е
да се формира тело (4-5 члена) во склоп на ОССМ од оние кои се
најактивни при преведувањето. Тие ќе бидат одговорни за бркање лектори,
професори/јазичари, пишување документации, давање предлози за
„стандардизирање“ и сл. Полесно се организираат 5 души, отколку залудно
типкање пред цела листа. Имам уште многу да зборувам, но за жал времето
ме гази.
Можеби некој сака да се надоврзи...
Поздрав,
Томе
More information about the Ossm-members
mailing list