[Ossm-members] ОССМ известување: Некој вид на TheOpenCD на македонски јазик , дискусија за програми на дискот
Новица Наков
novica at bagra.org
Fri Feb 25 19:02:26 UTC 2005
Фондацијата Метаморфозис и Слободен софтвер Македонија се во подготовка на
проект за креирање на диск со софтвер на македонски јазик за корисниците на
оперативниот систем Виндоус 98 -> XP.
Основната идеја е да се креира диск со пропратно книжуле кој ќе ги содржи
апликациите кој обичниот комјутерски корисник најчесто ги користи.
Така на дискот ќе се најдат:
OpenOffice 2.0
Mozilla: целото семејство
GIMP
Gaim
7-Zip
ClamWin
Овие би биле на македонски и другите јазици кои се зборат во Македонија
(доколку има преводи на тие јазици), освен ClamWin кој што во овој момент не
може да се локализира.
Кон ова би се додале и некои други кои во оваа дискусија овде треба да ги
одредиме. Значи концентрирајте се овде и дајте предлози. Предлозите за
апликација треба да ги исполнуваат условите: OSI approved лиценца или некоја
која е забележана како Free Software лиценца на GNU.org. Да подржуваат
локализација, пожелно gettext.
- Софтвер за водење библиотека (на книги или дискови). Ова треба да биде
standalone апликација, не веб базирана. Значи немој одма некој да ја предложи
Коха.
- нешто што личи на ACDSee. Јас мислам тоа да биде Cornice
(http://wxglade.sourceforge.net/extra/cornice.html)
- нешто за: слушање мп3, гледање филмови, цдрипер, пржач
- други предлози кои можеби вас ќе ви текнат.
- единствен проблем може да биде Спајвер софтверот за кој што јас не можам да
најдам FLOSS верзија. Ова го дискутираме во претходната порака/тред за да
видиме дали ќе мора да се стави сепак и една non-free апликација на дискот.
Оваа дискусија сега е само за софтверот кој би се нашол на дискот.
Дополнителна дискусија работата, тимови, рокови, па и пари ќе има подоцна
откако ќе се знаат повеќе детали, т.е. откако ќе се дефинираат барем
почетните активности околу проектот.
--
Новица
Live life on the edge but try to stay on topic.
More information about the Ossm-members
mailing list