[Ossm-members] Проект за локализација и =?utf-8?b?IE9wZW5DRA==?=, беше: Консолидација на преводите

Новица Наков novica at bagra.org
Thu Jul 21 20:11:47 UTC 2005


Денеска јас и Уфо бевме да разговараме со Филип од Метаморфозис. Оваа порака е 
известување во врска со тој состанок и некој нацрт план за активностите кои 
ќе следат. Ако нешто пропуштам Уфо ќе ме дополни сигурно.

ВАЖНО за заинтересираните кои нема да ја читаат поракава до крај: Состанок со 
Метаморфозис ќе има во вторник 26 јули во 12 часот во нивните простории. Сите 
што се заинтересирани и можат да дојдат, добро би било да се таму (ова пред 
се важи за скопјани, тие надвор од Скопје ќе добијат детални известувања по 
е-пошта, освен ако не сакаат да се прошетаат). Пошто Метаморфозис се во еден 
не баш лесно воочлив влез, ќе се чекаме на фонтанта во градскиот парк 
најдоцна до 12:05 на 26. Толку.

Продолжувам понатаму:
Метаморфозис го поставуваат рокот за локализација до 30.08.2005. Програмите 
кои треба да се локализираат во нивните актуелни верзии се: 
OpenOffice.org 2.0 *
Firefox, Thunderbird (можеби и Nvu)
Gimp
Gaim
7zip
PDFCreator
CDex
vlc
stardict
xchat
TheOSDab Project **
jprojecttimer **
Нешто како ACDSee **
+ ClamWin и некој антиспајвер кои уствари и нема да се локализираат, но ќе се 
најдат на цедето, па затоа ги допишувам овде. 

Метаморфозис ќе постават соба со компјутери каде што секој заинтересиран ќе 
може да доаѓа и да преведува софтвер (од 1 до 30 август). За тоа по некој 
систем стрингови/час ќе има и паричен надомест. Се разбира, и за оние надвор 
од Скопје кои ќе работат ќе се среди за соодветниот надомест. 

Некои од овие апликации веќе имаат одржувач/преведувач. Се надевам дека луѓето 
кои веќе преведуваат нешто (а од овој список тука се гледам себе си, Уфо и 
Владо), ќе продолжат да си ја работат работата. Другите, за кои нема активен 
превечувач, ќе бидат први поставени за локализација на машините во 
Метаморфозис. Добро би било од луѓето кои се заинтересирани да се јави по 
некој човек кој ќе биде задолжен за по една апликација пошто и така и вака за 
било каква работа сепак ќе треба по нешто плус да се прочепка (особено што 
некои од овие не се локализираат со по/пот датотеки).

Сите преводи ќе бидат лекторирани. CD-то ќе работи ваљда со истиот систем на 
TheOpenCD, а тоа мислам Глиша го средува?

* Преводот на ОО.о 1.х прв ќе оди на лектура и подоцна ќе се merge-уваат 
старите со новите po. Значи ОО.о ќе влезе подоцна во процесот на 
локализација.

** Овие три се бајаги спорни. Апликациите се за библиотека, проект менаџмент и 
прегледување на слики. Првите две успеавме да ги пронајдеме денеска 
(Freshmeat search), и непозната е нивната можност за локализација, значи 
треба да се провери, контактира со девелопер, најде подорба опција ако треба 
и сл. Очигледно, слободна варијанта на гледач на слики за Виндоус не е 
пронајдена. Знам дека и порано го имаме правено овој муабет, но можеби сега 
нешто се сменило и некој некаде избацил вакво нешто. Значи треба да се 
побара.

Тоа е тоа. Се надевам дека на оваа порака ќе има поконкретни одговори од 
типот: „Еве јас ќе направам тоа и тоа“ или „Спремен сум тоа и тоа да го 
преведам“.  :)

Се гледаме во вторник, во парк, пред 12 часот!

Хм, поракава, или барем некое сиже од неа, би можела да оди по веб страни и 
њуз во случај да има луѓе што не читаат листа, а можеби би сакале да се 
вклучат во работата.

-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list