[Ossm-members] Re: Pomos za Linux
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Wed May 4 07:37:14 UTC 2005
Dean Josevski напиша:
> > фајл = датотека
>
> Мислам дека правилни се и двете, но не инсистирам.
Не се правилни двете. Инсистирам :)
> Предлогот не е во ред. На пример како ќе преведеме КокаКола. Во
> законите на РМ постои „име„ и „трговско име“. GNU/Linux е ова второто
> и треба да се респектира тоа. Кога би го профатил твојот (вашиот)
> предлог ви имал два пати помалку (alt + shift) за секој ваков дел од
> текстот. ;)
Многу пати го имаме кажано ова, но не е проблем уште еднаш: не се
сеќавам точно, мислам дека Дамјан имаше дадено еден пример, со пишување
на кинески букви. Дали треба и нив во изворна форма да ги пишуваме? Или
само е среќна околност што имаме и латница на тастатурата.
> > маус = глушец, глувче
>
> По опсежна повеќе месечна дискусија со повеќе лингвисти, јазичари и
> сл., (бидејќи имав потреба пишувајќи ги книгите), дојдов до заклучок
> дека глувчињата треба да ги оставиме да се кријат од мачките по дипки
> и сл, а маусот да си седи покрај компјутер. ;) На тој начин
> македноскиот јазик природно се збогатува.
Бат оф корс. Штета толку многу месеци, а да дојдете до погрешен
заклучок. Македонскиот јазик почитува строг пуризам.
More information about the Ossm-members
mailing list