[Ossm-members] pomos
Nikola Vanevski
nvanevski at gmail.com
Mon May 9 07:20:11 UTC 2005
On 5/8/05, Angel Sarbakov <s-angel at engineer.com> wrote:
>
>
> kako moze da se startuva mysql na suse linux? bidejki od sigurnosni pricini
> ne mozam da go startuvam kako root, a ne mi uspeva ni kako obicen korisnik.
> site potrebni rpm paketi se pravilno instalirani.
>
На мојот Suse 9.2 се подига со
/bin/sh /usr/bin/mysqld_safe --user=mysql
--pid-file=/var/lib/mysql/mysqld.pid
--socket=/var/lib/mysql/mysql.sock --datadir=/var/lib/mysql
ова се извршува како root, меѓутоа процесот после работи со mysql
корисник кој Suse автоматски го креира при инсталацијата на MySql.
Ако користиш MySQL кој доаѓа со инсталацијата на Suse, тогаш само
треба да го овозможиш да се подига преку runlevel editor во Yast. (да,
тоа се извршува како root, ама самиот демон се подига со привилегии на
mysql корисникот).
Ако си инсталирал друга верзија и сакаш да го подигаш како сервис од
/etc/init.d како обичен корисник, тогаш постапката ти е малку подолга
:
- креираш обичен корисник
- ги измениш привилегиите на сите директориуми со кои работи MySQL да
бидат достапни за тој корисник (не ме прашувај кои се, не знам :) :) )
- креираш шел скрипта за подигање и спуштање
- креираш уште една init скрипта која ќе стои во /etc/init.d. Овие
скрипти се извршуваат со root привилегии, затоа вo оваа скрипта ќе ја
повикаш претходно напишаната со su -c за да се извршува во околина на
твојот корисник
- ја поврзеш таа скрипта во соодветните rc.x директориуми за да се
повика во бараниот runlevel (Уфо, превод за runlevel???)
Ако си загрижен за безбедноста, добро би било на тој корисник да му
забраниш директна најава на системот.
Ова е „православна" процедура за поставување init сервиси, можеш да
направиш и некоја поскратена ако ти изгледа долга.
--
Nikola Vanevski
Postpaid Billing Software Engineer
Cosmofon MTS.AD. - Skopje
GSM +389 75 400 322
Tel. +389 22 441 300
More information about the Ossm-members
mailing list