[Ossm-members] Re: naskoro Linux klub vo Bitola (dokolku pomognete) :)

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Mon May 9 07:49:07 UTC 2005


Arangel Angov wrote:

> Ќе се ли наплаќа користењето на компјутерите? Нигде не е спомнато ова 
> па да прашам.
>

Тоа ќе биде клуб за интернет и за игри, којшто ќе функционира како и 
сите други во земјичкава коишто работаат под MS Windows. Значи ќе се 
наплаќа за користење, а ќе им се плаќа на тие коишто ќе одржуваат и сл.

> Што се однесува до Плагин, наместо да се нудат нови броеви за пари, 
> може да се понудат постари броеви кои што би биле достапни на секој 
> што ќе дојде во клубот, додека е во клубот или така нешто... Ако треба 
> може да се донираат списанија и книги. Муабетот е заинтересираниот да 
> најде се што го интересира и да не мора да плати за тоа.
>
Тоа секако. Извини, јас не сум се искажал добро. Тоа функционира уште 
пред некоја година. Во клубот ги има сите броеви на PlugIn и сите можат 
да се читаач беслплатно, а доколку некој сака може да си набави за себе 
по цените за стари, или нови броеви коишто си ги дефинира списанието.

Што се однесува до другата литература: Од изданијата на Интегра, сите 
книги, исто како и PlugIn, можат да се читаат овде или да се купат, а 
изданијата од дугите издавачи можат само да се разгледаат, да се 
нарачаат, или да се купат. (Логично, зарем не?) ;)

Доколку има интерес за доации или сл., јас имам една идеја во врска со 
книгата „Во светот на Linux“, којашто може да се реализира во соработка 
на Слободен софтвер, Лугола и Интегра. Доколку има интерес пишете, па ќе 
ја продискутираме.

Поздрав,
Деан.


More information about the Ossm-members mailing list